Сончево со мала облачност, температурата до 34 степени


Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 17 степени, а дневната од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер. Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 32 степени.