Нови 135 случаи, четворица починати и 142 оздравени


Во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19, починаа четворица, а 142 пациенти се оздравени. Скопје – 76 Куманово – 6 Дебар – 2 Штип – 6 Прилеп – 1 Тетово – 13 Струга – 7 Битола – 3 Охрид – 1 Кавадарци – 1 Гостивар – […]

Матичните лекари молкум протестираа, МЗ изненадени


Многу матични лекари, во повеќе градови во земјава, денеска прекинаа со работа половина час и излегоа пред своите ординации во знак на револт поради игнорантскиот однос на државата кон нив откако почна пандемијата на Ковид-19. Лекарите постираат фотографии од протестот на социјалните мрежи, под хаштаг #ДостаЕ#MjaftMë. Докторите претходно најавија дека нема да даваат изјави и […]

Продолжува уривањето на дивите објекти на Нефи Усеини во Охрид


Во Охрид денеска продолжи да се уриваат дивоградбите на бизнисменот Нефи Усеини, кој е и советник во општинскиот Совет. Се уриваат дивоиградената база за бетон, како и хотелот што се наоѓа во близина. Општина Охрид почна со отстранувањето на дивите објекти на плажите, како шанкови, настрешници, подзидоци. Минатата недела Уставниот суд за привремено запирање на […]

МВР распиша потерница за Владимир Панчевски. Не знае дали ја напуштил државата


По одлуката на Судот во Велес за притвор за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, скопската полиција во три наврати не го пронашла обвинетиот на неговата адреса, соопшти денеска техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, објаснувајќи дека за ова ситуација е информиран и СВР […]

Прво регионално истражување за загубите и отпадот од храна


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е дел од тимот што го спроведува досега најголемото истражување за отпадот и загубите на храна во регионот. Последните податоци покажуваат дека на светско ниво, околу една третина од производите наменети за консумација од страна на човекот завршува како отпад, што доведува до сериозни трошоци од економски и од […]

Штип ќе гради брана на реката Отиња


Општина Штип денеска го доби одобрението за градење брана на река Отиња од Министерството за транспорт и врски, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина, Благој Бочварски. Во писменото соопштение се вели дека се исплатеа сите напори и трудот кој како општина го имаат вложено заедно со тимот на проектанти, тимот кој работеше на ревизија […]

За 40 отсто повеќе оздравени од Ковид-19 во последната недела, намален бројот на починати


Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули, што покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати споредено со претходната недела, соопшти Министерството за здравство. Во периодот од 6 до 12 јули регистриран е рекорден број на оздравени лица – 1.017  […]

Сончево и раст на температурите во следните денови, за викендот нестабилно


Сончево време со мала до умерена облачност и постепен раст на дневните температури, најавуваат метеоролозите во следните денови, а за викендот нестабилно. Од УХМР најавуваат дека во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Утре температурата ќе се искачи до 32-от степен, во четврток до 34, петок 33, за време на […]

„Лајка“ ќе ги прими првите гости по изборите


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека новиот стационар за вдомување кучиња скитници е готов и ќе биде отворен по изборите. Со стационарот за кучињата скитници ќе раководи новото ЈП „Лајка“. „Додека некои потпишуваат договори и се фалат со тоа, работата веќе е завршена. Отварање после избори!!! Скопје нема да застане […]

Ги снема странците, на Пелистер годинава само домашни гости


Многу странски туристи кои престојуваа во Охрид поминуваа некој ден и на Пелистер. Сега нив ги нема. А целосно се откажани и организираните групи од Словенија, Чешка, Полска. Хотелот „Молика“ ги намали цените до 30 отсто за да ги привлече домашните гости   Анета Блажевска БИТОЛА – Ниту нашинци од дијаспората, ниту странци нема да […]

Речиси секој наставник користи дигитални алатки во наставата


Речиси секој наставник користи дигитални алатки во наставата, покажа најново истражување во рамки на проект за дигитализација на образованието. Имено, 237 од вкупно 250 анкетирани наставници во основните училишта или 95% се изјасниле дека користат дигитални алатки за време на наставата. 13 наставници посочиле дека ваквите онлајн содржини и помагала воопшто не ги користат за […]

Се подготвува монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија


Во тек се подготвителни активности за новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде поставен на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Министерството за здравство соопшти дека веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел. -Кон крајот на неделата ќе почне […]

Националниот празник на Франција во знакот на солидарноста


Прославувањето на Националниот празник на Франција, 14 јули ќе биде во знакот на солидарноста, за пред сѐ, да им се оддаде почит на сите што се борат против пандемијата Ковид-19, соопшти француската Амбасада во земјава. -Поради пандемијата и неможноста да го организира традиционалниот прием, амбасадата изразува благодарност до сите кои се бореле за вредностите на […]

Кина донира заштитна опрема во вредност од 250 илјади евра


Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде примопредадена донација во заштитна медицинска опрема од Народна Република Кина. Донацијата е во вредност од околу 250.000 евра и се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови. На примопредавањето […]

Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците


Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од вкупно направени 973 тестирања. Најголем број активни има во Скопје – 1 788 лица, потоа Куманово – 194 и Дебар – 151. Од скопските општини со […]

Сончево и топло, попладне дожд во јужните делови


Сончево време со умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17, а максималната од 24 до 29 степени. УВ индексот ќе биде […]

ДИК: 723 лица заболени од КОВИД и во самоизолација го искористиле правото на глас


Вкупно 723 лица го искористиле правото на глас во рамки на денешното гласање на лица заболени од КОВИД-19 и во самоизолација, информираше денеска Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски појасни дека било утврдено дека треба да гласаат 759 лица, а разликата што се јавува во бројките кои ги соопштиле претходно е од причина […]

Како ќе се одбележи Илинден во услови на пандемија


Комисијата за заразни болести е задолжена да изработи протокол за организација на државните настани во земјава во време на пандемија. Вакво задолжение Владата денеска на седница му дала на Министерството за здравство. Владината прес-служба попладнево соопшти дека за време на претстојниот празник Илинден во Крушево ќе оди делегација предводена од претседателот на Собранието, на прославата […]

Владата ги осуди нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани


Владата  денес најостро ги осуди нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто. Како што соопшти владината прес-служба, Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани кон новинарите. -Безбедно известување и слобода на мисла, говор […]

Усвоени протоколите за плажите и базените – најмногу 15 посетители на 100 метри квадратни


Владата на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Со протоколите на плажите се ограничува бројот на максимум 15 посетители на 100 метри квадратни, како и задолжително носење заштитна опрема на лицето, […]