Нови 37 случаи со Ковид-19, 251 оздравени, шест починати


Фото: Б. Грданоски

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 37 случаи со Ковид-19. Направени се 484 тестирања, а најмногу заразени со Ковид-19 има во Гевгелија – 12 (странски државјани), Скопје – 9, Прилеп – 5, Тетово – 3, и во Дебар, Гостивар, Струмица, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Делчево и Кратово по еден случај.

Како што соопшти Министерството за здравство, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент: Скопје – 171, Куманово – 15, Штип – 10, Прилеп – 15, Тетово – 2, Велес – 6, Битола – 2, Кавадарци – 4, Гостивар – 2, Гевгелија – 2, Пробиштип – 3, Пехчево – 3, Берово – 5, Виница – 1, Свети Николе – 8, Кичево – 1 и Неготино – 1.

Починати се шест пациенти, од Скопје (73), Струга (79), Гостивар (55), Крива Паланка (63), Делчево (86) и од Кичево (74). Сите се починати во болнички услови.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.127,  бројот на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.018.

https://www.facebook.com/zdravstvomk/posts/3454818431241988

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.123, активни 591

• Куманово 1.540, активни 248

• Дебар 261, активни 29

• Штип 1.182, активни 96

• Прилеп 5.25, активни 142

• Тетово 1.254, активни 125

• Струга 595, активни 64

• Велес 278, активни 20

• Битола 225, активни 40

• Охрид 360, активни 45

• Кавадарци 190, активни 47

• Гостивар 823, активни 134

• Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 83, активни 31

• Крива Паланка 60, активни 19

• Радовиш 46, активни 7

• Крушево 17, активни 1

• Кочани 160, активни 33

• Пробиштип 90, активни 15

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 77, активни 10

• Пехчево 38, активни 28

• Берово 68, активни 41

• Валандово 9, активни 2

• Виница 82, активни 28

• Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 23, активни 7

• Свети Николе 301, активни 37

• Кичево 286, активни 45

• Ресен 147, активни 0

• Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 484 теста се преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0,  Биотек-57, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Систина со PCR метода -146, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-27, Инфективна клиника-7, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се  две деца и една мајка позитивни на Ковид-19, шест деца и шест мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје примени се шест, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје, денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 55

• Гази Баба – 70

• Аеродром – 102

• Карпош – 65

• Центар – 58

• Кисела Вода – 70

• Ѓорче Петров – 35

• Бутел – 37

• Шуто Оризари – 24

• Студеничани – 16

• Сарај – 15

• Арачиново – 10

• Илинден – 11

• Сопиште – 6

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 5

• Зелениково – 2

• Странец – 6

• Нераспределен-2

Надлежните апелираат и понатаму да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.