Шахпаска ја посети „Пепелашка“ во Скопје да види како се подготвени градинките


Објектот е темелно реновиран преку проект на Светска банка

Шахпаска ја посети „Пепелашка“ во Скопје да види како се подготвени градинките министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска во градинката „Пепелашка“   направија увид како течат подготовките за приемот на децата од 9 септември. Градинката е целосно реновирана.

„Вложувањето во квалитетно претшколско образование, во детските градинки, центрите за ран детски развој, претставува приоритет на нашата Влада, што го покажавме изминатиот период преку реконструкција и отворање на 43 објекти за сместување на децата“, рече Шахпаска.

Според неа, до крајот на мандатот на оваа Влада околу 7.500 деца треба да бидат сместени во детски градинки, а на тој начин би се зголемил опфатот на деца во претшколско образование на 60 отсто. „Полека но сигурно се движиме кон европскиот просек за сместување на деца во претшколска возраст“, истакна Шахпаска и воедно им посака здравје и среќен почеток на најмладите, вработените во градинките и родителите.

Објектот „Пепелашка“ од детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ беше темелно реконструиран од Општина Центар преку проект на Светска банка за прв пат од ваков размер по 65 години.