(ВИДЕО)Филипче: Се чекаат резулататите за седум нови тестирани на корона вирус


Фото: Б. Грданоски

Седум нови пациенти се тестирани за корона вирус, и нивните резултати ќе бидат готови за неколку часа. Пациентите се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив пристигнале пред 3-4 дена од Австрија и Швајцарија. Сите се јавиле со висока температура. Меѓу тестираните се и две бремени жени од Дебар, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Останатите 18 заболени се во стабилна состојба, рече Филипче, а првозаболената која сега е излечена, утре ќе биде пуштена на домашно лекување.

Филипче рече дека клиниките нема да ги одржуваат утринските колегиуми со цел да се намали контактот, ќе се комуницира преку телефон. Назначен е координатор за Инфективната болница во Дебар, тоа е професор од скопската Инфективна клиника кој треба да ја организира работата во тамошната болница. Детската болница Козле ќе се подготви да прими деца евентуално болни од корона вирусот, а сите што се таму хоспитализирани ќе бидат префрлени на педијатрија.