Кои лекови можат да ја влошат состојбата на болни од Ковид-19


Францускиот министер за здравство Оливие Веран предупреди дека лекови што содржат нестероидни средства како што се ибупрофен и кортизон можат да ја влошат состојбата на пациентите со корона вирус.

Такви се, на пример, најчесто користените Нурофен и Диклофенак (го има во лекови за болки во мускулите, како Волтарен). При покачена температура само лекови што содржат парацетамол треба да се користат без да се надминат пропишаните дози, објави Фигаро.

Француското Министерство за здравство објави и список на непрепорачани производи.

Здравствените власти велат дека е познато дека антиинфламаторните лекови претставуваат ризик за лицата со заразни болести бидејќи имаат тенденција да го намалат одговорот на имунолошкиот систем на организмот.

Министерството за здравство препорачува пациентите да примаат парацетамол затоа што „тоа ќе ја намали треската без да има потенцијално лоша реакција на воспалението“.

Жан-Луис Монтаструк, раководител на фармакологија во болницата во Тулуз, за РТЛ радио изјави: „Антиинфламаторните лекови го зголемуваат ризикот од компликации кога има треска или инфекција“.

Веран додаде дека 98 отсто од заболените од новиот корона вирус оздравеле.