За 5 години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи: Што покажува истражувањето на ЦГК за јавните набавки


Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај во кој се анализирани конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи, како што се наведува во соопштението до медиумите, се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените […]

Дал гаранција од азербејџанска банка во стечај, го оштетил Буџетот за 2 милиони евра и за 9 милиони евра изгубени ИПА средства


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно […]

ДЗР: Се исплаќала социјална заштита без исполнување на законските услови, нанесена штета на Буџетот


 Неосновани исплати поради пропусти во системот за остварување и исплата на права од социјална заштита, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). Како што информира, слабостите во системските контроли и размената на податоци меѓу институциите и недоволната ажурност и проверка на податоците за корисниците, придонеле да се исплаќаат социјални права без целосно исполнување на законските услови при […]

Без вода дел од корисниците на бул. АСНОМ во Аеродром


Поради уличен дефект, без вода од 10:15 часот се корисниците од бул. АСНОМ од бр.42 до бр.80 во Општина Аеродром, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот.

Алиу по повод една година во МЗ: Целта беше да не ги прикриваме проблемите, туку да ги решаваме


 Изминатата година поставена е нова насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара, се наведува министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на министерската функција. – Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во […]

Пожарот во Штип е изгаснат


Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со […]

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион


Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. -Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга […]

Без струја две улици во чаршија и повеќе скопски села


Без струја денеска од 7:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата Покриена чаршија и дел од улицата Ковачка во Стара скопска шаршија. Како што соопшти Регионалнит центар за кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 8 до 14 часот ќе останат корисниците од село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, […]

Предизвиците и плановите на општините пред Генералното собрание на ЗЕЛС


Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа  (ЗЕЛС)  денеска ќе одржи седница на која ќе се дискутира за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините и активностите на ЗЕЛС во делот на лобирањето за идните заложби на развој на локалната самоуправа. На втората седница на Генералното Собрание на ЗЕЛС ќе бидат  разгледании  извештаи […]

И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер


Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на […]

Пожарот над Штип под контрола


Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. МИА информираше дека попладнево од гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак. Градоначалникот на […]

Голем пожар беснее над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција


Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени.   Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по […]

„Четворка“ за учебната година: За промени и реформи во образованието треба време, вели министерката Јаневска


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека оваа учебна година би ја оценила со четворка. Како што истакна вечерва, изминатиов период е сработено многу, но за спроведување на реформите во образованието треба време.   -Годинава беше подобра од претходните, би и дала четворка што е многу солидна оценка. Недостаток ни е времето. За промени […]

Скопската вода е безбедна за пиење


Водата на скопската територија е безбедна за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг- активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие биле земени 40 примероци од скопската водоводна мрежа.   […]

Поевтинуваат ХПВ тестирањето и ликвид ПАП цитологијата


Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање на рак на грлото на матката – ХПВ генотипизацијата и ликвид ПАП цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања […]

Дигитални свидетелства за учениците од прво до трето одделение


 Дигиталните свидетелства од оваа година се воведуваат за учениците од прво до трето одделение, а в година ќе бидат воведени и за учениците од четврто до шесто одделение – најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.   – Како Министерство обезбедивме електронски печати и електронски потписи, а оваа година, за да не се случи […]

Промовирано академското рангирање на балканските универзитети – АРБУ, еве каде се македонските


Со присуство на претставници на академската заедница, институциите и бизнис секторот, денес во Скопје официјално беше промовирана платформата АРБУ – Академско рангирање на балканските универзитети (Academic Ranking of Balkan Universities), првото регионално академско рангирање кое ги опфаќа универзитетите од целиот Балкан и нивното научно влијание. АРБУ претставува најобемна анализа на високото образование во регионот досега. […]

На атрактивна локација во Аеродром ќе се продава државно земјиште по 2.000 денари квадрат


  Општина Аеродром продава градежно земјиште по 2.000 денари по метар квадратен. Земјиштето зафаќа површина од 23.000 метри и се наоѓа на атрактивна локација, непосредно до хотелот „Русија“ и спортската сала Јане Сандански. За оваа електронската аукција закажана за почетокот на следниот месец за почетните 2.000 денари по метар квадратен се бара банкарска гаранција од […]

„Ни трошка не сум виновен“: Пеце Матевски, екс-директорот на РЕК „Битола“, на судењето за јаловината од 2022 


  БИТОЛА – Обвинетиот Пеце Матевски, екс-директор на РЕК „Битола“ на вчерашното рочиште во Основниот суд во Битола рече: „Не се чувствувамни трошка виновен“ затоа што јавната набавка била спороведена по закон и критериумите на АД ЕСМ за ископ на јаловина во 2022 година со фирмата „Рудкоп “ Битола. „Јас како директор на подружница РЕК […]

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства


Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании, соопштија од Министерството.   Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда […]