Општина Чешиново-Облешево: Дел од населените места ќе останат без електрична енергија и во текот на ноќта


 Општина Чешиново-Облешево ги информира граѓаните дека снабдувањето со електрична енергија, поради големиот број дефекти на електродистрибутивната мрежа, паднати бандери и жици, како и тешко пристапните терени каде што е потребна интервенција, нема да биде целосно воспоставено во текот на ноќта.

Од Општината информираат дека екипите непрекинато работат на отстранување на дефектите, но поради обемот и сложеноста на состојбата не е можно сите интервенции да бидат завршени во текот на ноќта.

До граѓаните е упатен апел за разбирање и почитување на препораките, додека надлежните служби продолжуваат со активности за што побрзо нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.