Нападнати пожарникари во Прилепско
Прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот.
Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат.
Се претпоставува дека бил нервозен затоа што очекувал пожарникарите побрзо да пристигнат, без да размисли дека можеби биле на некоја друга задача претходно.
Ангелов појаснува дека граѓаните не треба да ги сметаат пожарникарите за супермени и дека има повеќе причини зошто тие се појавуваат на место каде треба да гасат задоцнето, односно не во времето кога луѓето ги очекуваат.
Погледнете во видеото, како Ангелов го објаснува случајот.
Пожарникарите го пријавиле случајот во полиција.