Бурата во Скопје оштети и стрелка на саатот на Старата железничка станица


Оштетената сказалка на саатот на Старата железничка станица (Фото: Б. Грданоски)

 

Една е од последиците на силната бура што го зафати Скопје во вторникот околу 17 часот со екстремно моќен ветер, е и оштетена стрелка на часовникот на Старата железничка станица, која ги покажува минутите. Тој го покажува времето кога Скопје го погоди страшниот земјотрес на 26 јули 1963 – во 5 часот и 17 минути.

Застанатите стрелки се највпечатливата иконска слика на ова Скопје и веруваме дека градските власти многу брзо ќе го поправат оштетувањето.