Пронајден мртов Лирим Хајредини – директор на „Алсат – М“
Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Местото е обезбедено од полицијата, а телото ќе биде предадено на обдукција за да се утврдат околностите и причината за смртта.
– Денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот – се вели во соопштението од МВР.
Хајредини повеќе од 16 години беше оперативен директор на националната телевизија „Алсат“. Во медиумскиот сектор беше познат како долгогодишен менаџер со искуство во телевизиска продукција, маркетинг и деловно управување.
Пред ангажманот во „Алсат“, Хајредини работел и во Македонскиот центар за меѓународна соработка, а неговото име со години се појавува и во анализи и истражувања за медиумскиот пазар во Македонија како оперативен директор на телевизијата.
Повеќе детали за случајот се очекуваат по официјалното соопштение на полицијата и завршувањето на предвидените постапки.