Облачно со сончеви периоди, услови за пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, […]

Силниот ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница


Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет.  -Пациентите се […]

Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето


Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, биле примени повеќе од 8300 повици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Операторите на 112, посочуваат од ЦУК, работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа […]

Пресврт во судењето на обвинетитете од РЕК „Битола“ за тендерот со „Рудкоп“ 


  БИТОЛА – Супервештачење нареди Основниот суд Битола пред самиот крај на судењето за екс-директорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски и уште шестмина вработени од комбинатот, како и на три службенички од Бирото за јавни набавки од Скопје, обвинети за незаконитости во тендер за ископ на јаловина поврзан со изборот на битолската фирма „Рудкоп“во 2022-2023 […]

Во Клиниката за ТОАРИЛУЦ примени девет повредени во невремето во Скопје, од кои две потешко


Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави за МИА директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски. Од нив две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга […]

Невремето го поплави Меѓународниот аеродром Скопје- патниците газеа низ вода


Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански налети на ветер попладнево предизвика поплава и во објектот на Меѓународниот аеродром Скопје. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дождовницата навлегла во дел од терминалот и ги поплавила просториите низ кои се движат патниците. Водата се разлева по подот, додека присутните се обидуваат да […]

УХМР: Големо невреме во Црна Гора се движи кон Македонија


 Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Струмичко,…

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје


Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски.  Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата. – Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител […]

Пиењето вода со фекалии доведува до ризик од автоимуни и метаболички заболувања


Пиењето вода загадена со фекалии освен акутните симптоми, остава сериозни долгорочни последици врз цревниот микробиом, предизвикувајќи трајна дисбиоза (нарушување на рамнотежата на бактериите). Патогените бактерии како Eшерихија коли, Салмонела и Џардија (E. coli, Salmonella и Giardia) ја уништуваат корисната микрофлора, што може целосно да го смени нејзиниот состав, објави на својот фејсбук профил Милан Ристевски, […]

Шест повредени во невремето во Скопје примени во болница, тројца се пуштени дома


 Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави за МИА, директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов. Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување. – Сите […]

Тимови од скопски „Водовод“ го проверуваат системот за вода во Гостивар, првично потребно е хиперхлорирање, вели Тошковски


Експертски тимови од Јавното претпријатие „Водовод“ од Скопје попладнево се во Гостивар, со цел да утврдат, но и да преземат мерки за враќање на нормалното водоснабдување на градот Гостивар, откако се случи епидемијата со труење од водата за пиење,  информираше на денешната прес-конференција  Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, а на која присуствуваа и министерот […]

Летаа покриви и откорнати делови, невреме го зафати Скопје (фото)


Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако силен ветер оддеднаш го зафати Скопје иако дивеењето не траеше повеќе од десет минути. Од ветрот граѓани не можеа да се движат по улиците, а и беше опасно од прашината, дрвјата што паѓаа и разните предмети. На тоа уследи обилен дожд  кој ги прекри улиците. Голема […]

Златко Перински назначен за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување


Владата денеска на седница, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.   Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод […]

„Македониумот“ во Крушево се заштитува од протекување


 Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов.  Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 […]

Притворените од Гостивар ќе одговараат за тешки дела против животната средина


 Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за 30-дневен притвор против директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар и двајца раководители во претпријатието. Тие се сомничат дека преку нелегално поставување пумпи во преливната комора во село Вруток, предизвикале загадување на водата за пиење со која се снабдува Гостивар. Ова беше соопштено на […]

Ѓорѓиевски: Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме


Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје спроведуваат засилено расчистување на канализациските линии, шахтите и сливниците пред најавениот силен локален бран. Целта на овие превентивни активности е овозможување непречено одведување на дождовницата и спречување поплавувања на критичните точки низ главниот град. Поради предупредувањата од УХМР за попладневни врнежи и невреме, одржан е и состанок […]

Се намалува бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар


Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.7.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.   Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и […]

До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола


Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 13:00 часот попладнево, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активен е еден пожар, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат. Активен е пожарот во Општина Делчево на градските гробишта, со кој е зафатена ниска вегетација.  Под контрола се пожарите во […]

Царинска управа најави засилени контроли на пловните објекти на Охридското Езеро


Царинската управа во наредниот период ќе спроведува засилени теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро, со цел проверка на нивниот царински статус и исполнувањето на законските обврски. Контролите ќе ги спроведува Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, а ќе бидат насочени кон утврдување дали за пловилата се […]

Левица: Ветува ли ДПМНЕ уривање на дивоградбите, вклучително и хотелот на Мијалков, за да бара уште шест години од УНЕСКО?!


Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, која се предлага во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а чија конечна одлука Комитетот треба да […]