„Нема ништо џабе Орце. Ни коњот со пет нозе“: СДСМ го критикува градоначалникот на Скопје


  Орце Ѓорѓиевски се претвори во градоначалник на себепромоција а не човек што ги решава проблемите. „Добредојдовте кај Орце“, рече денеска на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ. „Скопје денес е град во кој ништо не функционира, освен тендерите и личната промоција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Наместо решенија за овие проблеми, добија билборд со коњ со […]

Водата во Гостивар и натаму е забранета за пиење


  Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа […]

Ѓорѓиевски нѐ теши, во 2030 ќе почне чистењето на Вардар во Скопје


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, додека трае шокот од загадувањето на водоводот во Гостивар, сподели дека Пречистителната станица за Скопје е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој треба донесе историска промена во заштитата на Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните. „По првичниот застој, предизвикан […]

СДСМ: За Орце, Скопје е само билборд за самопромоција


СДСМ преку соопштение упати критики до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го дека наместо да се посвети на решавањето на проблемите во главниот град, се фокусира на лична промоција. Од партијата велат дека прашањата поврзани со јавниот превоз, отпадот и дивите депонии се оставени на страна, додека, според нив, приоритет му е промоцијата преку […]

АХВ ќе казнува ако се користи загадената вода во Гостивар


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека е безбедна. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, информираше дека вчера биле земени примероци од јавна чешма во Гостивар, од две градинки, од […]

Прес-конференција за актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар (во живо)


 Прес – конференција портпаролката на Владата Марија Митева, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, директорката на Инспекторатот за животна средина Ивана Гиновска и директор на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, по повод актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар.  

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид


По повод претстојната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во Охрид денеска и утре на сила ќе бидат засилени безбедносни мерки и ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посетата. Од СВР – Охрид […]

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите


Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија


Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот […]

Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер


 Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 21 јули 2026 година, 202-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 163 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 17 минути, а ќе зајде во 20 часот и 3 минути. Денов трае 14 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Паднати дрвја и бандери, оштетени кабли…Невреме во Струмица, Радовиш, Делчево…


Невреме со силен ветер и дожд вечерва зафати повеќе општини во државата предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и во извршување на вообичаените активности на граѓаните. Паднати дрвја и бандери, оштетени електрични кабли го попречуваа движењето, а надлежните повикуваат на зголемена претпазливост. Општина Ново Село апелира на особено споро и внимателно возење на патните правци Сушица-Ново Село, […]

Обвинение против три лица во Гостивар – со пумпи префрлале загадена вода во водата за пиење


  Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за тешки дела против животната средина и природата предизвикани со загадување на вода за пиење. Осомничените соизвршители, во својство в.д. директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и  раководител на Одделението за водовод, канализација […]

Силен ветер и дожд во Куманово


Силно невреме проследено со интензивен дожд, ветер и ситен град попладнево предизвика штети на повеќе локации во Куманово, при што се урнати дрвја и делови од лимени конструкции, а надлежните служби интервенираат на терен. Според првичните информации на Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, ветерот турнал неколку дрвја на различни локации во Куманово, меѓу […]

Без вода утре неколку скопски улици


Bез вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе останат корисниците од улиците „Аминта Трети“, „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“ и „Чедомир Миндеровиќ“, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе било прекинато од девет часот, а како причина е наведен […]

Без струја утре делови од Центар и Карпош


Без струја во текот на утрешниот ден ќе останат делови од општините Центар и Карпош, соопштија попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од страна на „ЕВН Македонија“ АД. Од девет до 12 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улиците „Истарска“, „83“, „Битолска“, „42“, „Светозар […]

Уапсена директорката на водоводот во Гостивар, власта ги крие анализите


  Полицијата денеска ја уапси директорката на НП „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани заедно со двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши. Се очекува тие  наскоро да се појават пред обвинителството, а судијата на претходна постапка ќе им одреди мерки на претпазливост.   Претходно градоначалникот ја суспендираше директорката на […]

Владата ќе обезбедува по три шлепери вода за Гостивар


 За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода,  во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, информира денеска на прес-конференција Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на […]

Собранието ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври


Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на […]

Новиот министер за правда прво се сретна со в.д. амбасадорката на САД


  Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со Никол Варнс, в.д. амбасадорка на САД во Македонија, на која била потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата, како што соопшти МП, се разговарало за клучните приоритети на Министерството за […]