Без струја утре делови од Центар и Карпош


Фото: Б. Грданоски

Без струја во текот на утрешниот ден ќе останат делови од општините Центар и Карпош, соопштија попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од страна на „ЕВН Македонија“ АД.

Од девет до 12 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улиците „Истарска“, „83“, „Битолска“, „42“, „Светозар Марковиќ“, „47“, како и делови на булеварите „Моша Пијаде“ и „Крушевска Република“ во општина Центар.

Во општина Карпош пак, од девет до 13 часот, струјата ќе биде прекината за дел од улицата „1687“ во село Бардовци. Од девет до 14 часот, електрична енергија ќе нема дел од селото Орман пред пругата.