Без струја повеќе делови од Скопје


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините  Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Партизански Пат“ во Општина Кисела Вода.  Во периодот […]

Македонија домаќин на 17-тиот Меѓународен стоматолошки конгрес К4


Од денеска до 14 јуни, Македонија ќе биде домаќин на 17-тиот Меѓународен стоматолошки конгрес К4, кој претставува еден од најзначајните стручни настани во областа на денталната медицина во регионот. Меѓународниот конгрес е во организација на Стоматолошката комора на Македонија и за првпат под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Свеченото отворање на Конгресот ќе […]

Бучавата од кафеаните не стигнува до ушите на надлежните. Герасимовски допрва ќе ги прави податоците достапни онлајн


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите кои излегоа на собир во Капиштец за да го изразат своето незадоволство од прегласната музика од угостителските објекти и нарушениот јавен ред и мир во населбата, информираат од локалната самоуправа. -Континуирано се справуваме со проблемот […]

Усвоени измените за игрите на среќа, казината мора да бидат 500 метри подалеку од училиштата


  Собранието вечерва со 59 гласа „За“ и 9 гласа „против“ ги усвои измените во Законот за игри на среќа, со кои казината повеќе не смеат да се лоцирани поблиску од 500 метри од училиштата. Со новите прописи се забрануваа рекламирањето на излозите на коцкарниците, како и рекламите со кои коцкањето се претставува како начин […]

Починати пациенти на листите за операции, има ли злоупотреби?


Листата на чекање се чисти, имаме пациенти, кои, за жал, веќе не се помеѓу нас и тие треба да се чистат. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу на новинарско прашање какви злоупотреби се прават со листите на чекање и до каде се постапките за утврдување дека некои од лекарите злоупотребуваат, односно бараат мито за […]

Изгаснат пожарот во штипската викенд населба Кумлак


Изгаснат е пожарот во викенд населбата Кумлак над градот Штип во кој беше повреден сопственик на викенд куќа спасувајќи си го својот објект од огнените јазици. Пожарникарот од ТППЕ-Штип, Александар Георгиевски кој учествувал во гаснењето на пожарот и спасувањето на сопственикот на викенд куќата вели дека повредниот е со изгореници по екстремитетите и има вдишано […]

Од утре обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи со лиценци за „А1“ категорија


Министерството за внатрешни работи соопшти дека ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³. МВР ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³  (категорија „А1“ со автоматски менувач, до […]

Повторно активиран пожарот кај Штип


 Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере во Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК, посочуваат дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради […]

Утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта


Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk, потсетува Министерството за образование и наука. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од […]

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка – Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health


Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме. Пристапувањето кон EU4Health на 24 јуни во Брисел ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи […]

За Савески комуникацијата со премиерот не влијае врз независноста во одлучувањето


Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со извршната власт, вклучително и контактите со премиерот, не ја смета за спорна и потенцира дека таа не влијае врз независноста во одлучувањето. Во контекст на зголемените јавни критики и изјави од политичкиот врв за работата […]

Преземени се сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава. Сите три воздухоплови, вели тој, се сервисирани навреме, како и воените возила што минатата година беа пренаменети за справување со пожари. Со заклучок на Владата од 1 јули ќе се воведе забрана за движење низ шумите, а општините ги […]

Лани се родиле 15.850 живородени деца, за 1,3 отсто помалку од една година претходно


Во 2025 година се родени 15.932 деца вкупно, од кои живородени се 15.850, а 82 се мртвородени. Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,7 %, односно на 100 живородени женски деца, […]

Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ изведена е првата робот-асистирана операција во земјава


Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион. Станува збор за […]

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје


Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје. Како што информираше претседателот на СјОРМ, Башким […]

Утрово повторно имаше пожарот на депонијата „Краста“ во Кумановско, состојбата се санира


Изутрината, повторно имаше пожар на депонијата „Краста“, лоцирана на локалниот пат Куманово-Пчиња. Како што соопшти градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во моментов состојбата на депонијата е стабилна и активно се работи на нејзино санирање. – Во раните утрински часови повторно е дојдено до самоопожарување на јужната страна од депонијата поради ефектот на подземните гасови […]

Отворена реконструираната сала „Расадник“, нуди најсовремени услови за спортување


Условите во спортската сала во Општина Кисела Вода се навистина светски, европски, можеби најсовремени од ваков тип во државата, истакна денеска  премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на спортската сала „Расадник“ во општина Кисела Вода, објект кој, според него, поставува нови стандарди во спортската инфраструктура во земјата. Мицкоски истакна дека салата, со капацитет од околу 1.000 […]

Професори и студенти од Универзитетот во Амстердам се сретнаа со Оливер Спасовски


  Денеска, во Собранието се одржа средба помеѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и група студенти и професори од Универзитет во Амстердам, Холандија. Студентите покажаа голем интерес за актуелните политички и општествени состојби во земјата. Во текот на разговорот беа отворени повеќе значајни теми, меѓу кои: односите со Бугарија, решението на спорот […]

Сотир Лукровски уште се бара. Нема ни трага ни глас од него


  Случајот со боледувањето на градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровески се претвора во пародија. Нему му е истечено боледувањето, премиерот Христијан Мицкоски вели дека морал да мирува, општината Карпош е во конфузија, а карпошани се прашуваат зошто гласавме за Лукровски кога тој по само неколку месеци одбива да ја врши функцијата на која беше избран. […]

За 5 години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични документи: Што покажува истражувањето на ЦГК за јавните набавки


Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај во кој се анализирани конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи, како што се наведува во соопштението до медиумите, се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените […]