Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени […]

Здружението „Симентал“ од Делчево: Прекинот на откупот на млеко ќе остави без пласман околу 15.000 литри дневно


Здружението на одгледувачи на говеда „Симентал“ од Делчево на прес-конференција алармираше дека најавениот прекин на откупот на млеко од страна на млекарниците „Осогово Милк“ и „Малеш“ сериозно ќе го загрози опстанокот на сточарските фарми во регионот и ќе остави без пласман околу 15.000 литри млеко што дневно го произведуваат околу 80 сточари. Од Здружението оценија […]

СДСМ предлага воведување на државни награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“


  Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто се предвидува воведување на две нови државни награди: Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“.  Предлогот за државните награди го образложи пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска. „Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена […]

СДСМ и Филипче го уништија здравството, реагира ВМРО-ДПМНЕ


  Венко Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа. Вака реагираше ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ на која ветувањата за нов клинички центар беа наречени „нова лага […]

Нов клинички центар е уште една лага на Мицкоски, тврди СДСМ


  Опозицискиот СДСМ вели дека најавата за изградба на нов клинички центар е една од низата лаги на Христијан Мицкоски и потсетува зошто го блокираа овој проект пред пет години. „Во 2021 година ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2.000 амандмани за да ја закочи изградбата на новиот клинички центар. Тогаш беа подготвени да го рушат проектот кој требаше […]

Ќе се сечат им кастрат заболени и небезбедни дрвја на „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, нови садници ќе бидат засадени на истите локации


Општина Центар информира дека во наредниот период ЈП „Паркови и зеленило“ ќе спроведе активности за сечење и кастрење на дрвја на улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, согласно решенијата донесени од Град Скопје, по извршен стручен увид на терен. Општинската прес-служба денеска соопшти дека на улица „Ленинова“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Министерството за […]

ДУИ обвинува дека компанија блиска до Изет Меџити добива јавни тендери


  Опозициската ДУИ вели дека има сериозни сомнежи околу начинот на кој компанија основана дури во јули 2024 година успеала да обезбеди јавни договори во вредност од над 3,4 милиони евра од Општина Чаир. Партијата вели дека според објавените документи, станува збор за четири крупни тендери добиени од компанијата „Нум констракшн“, од кои два за […]

Меџити: Паркот „Ринија“ ја покажува силата на соработката меѓу граѓаните, институциите и младите


Паркот „Ринија“ во Топанско Поле прераснува во успешен пример за соработка меѓу граѓаните, институциите и приватниот сектор, покажувајќи дека заедничкиот ангажман може да создаде поквалитетни јавни простори за заедницата, соопшти Општина Чаир.  Создаден преку заедничка акција на Општина Чаир, ЈП „Паркови и зеленило“, студентите и младите од Универзитетот „Мајка Тереза“, паркот денес претставува жив простор […]

Бесплатен јавен Wi-Fi во Општина Демир Хисар


Граѓаните и посетителите на Општина Демир Хисар може непречено да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi во општинската зграда и градскиот плоштад во Демир Хисар. Од секторот за односи со јавност информираат дека WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува […]

Почна уписот во средните училишта за учебната 2026/2027, најмногу слободни места за стручното образование


Денеска започна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат ќе ја доставуваат потребната документација.  Во јуни ќе има две електронски […]

Јубилејна меѓународна велосипедска тура Охрид–Струга–Радожда во организација на ИПА Охрид


Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре ќе се одржи јубилејната десетта по ред меѓународна ИПА велосипедска рекреативна тура на релација Охрид–Струга–Радожда. Стартот е закажан од Градското пристаниште во Охрид во 8:00 часот, од каде учесниците ќе се движат по охридскиот кеј и низ неколку градски улици, а потоа по стариот пат кон […]

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија


Од денеска граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри во автошколи кои имаат лиценца за „А1“ категорија, откако Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни предуслови за имплементација на законските измени. Од МВР информираат дека обуката за управување со мотоцикл од категоријата „А1“ (до […]

Најмногу дожд наврна во Тетово и во Крушево


Најмногу дожд во изминатото деноноќи наврна во Тетово и на Попова Шапка 16 литри на метар квадратен, 13 во Крушево, 12 во Берово, 11 во Куманово, а 10 во Штип, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен […]

„Спејс икс“ излегува на берза со рекордна проценета вредност


„Спејс икс“ (SPACEX) соопшти дека акциите на компанијата на Елон Маск ќе се продаваат за најмалку 135 долари кога ќе излезе на берза во петок, во она што се очекува да биде највредната иницијална јавна понуда (IPO) во историјата. Проценката е иста како онаа на компанијата за истражување на вселената и вештачка интелигенција поставена пред […]

Дел од општина Центар без вода


Поради промена на противпожарен хидрант со пречник од 80 милиметри (ППХ Ф-80 мм) на улицата „Киро Крстевски Платник“ бр. 2 во општина Центар, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на делот од улица „Коле Неделковски“ на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до улицата „Киро Крстевски Платник“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – […]

Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето


Во Собранието ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност на која ќе се одржи Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето. Со  Предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, негови делови, главни […]

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура […]

Конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и Градскиот воз


Во организација на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“-Скопјe денеска ќе се одржи Конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и Градскиот воз. Како што информираат организаторите, конференцијата има за цел да поттикне дијалог, соработка и размена на искуства меѓу сите чинители кои […]

Без струја повеќе делови од Скопје


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините  Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Партизански Пат“ во Општина Кисела Вода.  Во периодот […]

Македонија домаќин на 17-тиот Меѓународен стоматолошки конгрес К4


Од денеска до 14 јуни, Македонија ќе биде домаќин на 17-тиот Меѓународен стоматолошки конгрес К4, кој претставува еден од најзначајните стручни настани во областа на денталната медицина во регионот. Меѓународниот конгрес е во организација на Стоматолошката комора на Македонија и за првпат под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Свеченото отворање на Конгресот ќе […]