Центарот за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST


 Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, информира Министерството за дигитална трансформација. Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, […]

Без вода повеќе скопски улици


Без вода во текот на денов ќе бидат повеќе улици на скопската територија поради изведување водоводен приклучок на улицата Мите Богоевски без број, кај „Зур маркет“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, прекинато водоснабдување ќе имаат улиците Мите Богоевски, Дванаесетта македонска бригада, Илија Димовски – Гоче, Димитар Македонски, Ван […]

Јавна расправа за Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри


Во Собранието денеска Комисијата за финансирање и буџет се очекува да донесе одлука за одржување на јавна расправа по Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри.  Собранието во рамки на 104. пленарна седница минатата недела ја усвои потребата од носење на Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри. […]

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до […]

Транспарентноста испорачува европски стандарди, вели Марјан Забрчанец


Клучен институционален стандард, а не партиско средство за политички маркетинг – вака експертот за стратешки комуникации, Марјан Забрчанец, ја дефинираше транспарентноста во разговор за порталот „48 часа“. Тој вели дека отвореноста на институциите има многу повисока, државничка цел од едноставното собирање евтини поени кај гласачите. Забрчанец потсетува на огромниот напредок што Македонија го забележа во […]

Свечено пуштен во работа домот за стари лица „Оаза“ на „Адора“ во Илинден


  Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски денеска свечено беше пуштен во употреба Домот за стари лица „Оаза“ на компанијата „Адора“, кој се наоѓа во Општина Илинден. Обраќајќи се пред присутните, Мицкоски истакна дека станува збор за значајна приватна инвестиција која придонесува за подобрување на услугите и квалитетот на живот на граѓаните. Тој упати честитки […]

„Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот, тврди СДСМ


  Според опозициската СДСМ причината зошто не работи апликацијата „Мој ДДВ“ е едноставна – нема пари во буџетот. „Апликацијата ‘Мој ДДВ’ пет дена по ред е нефункционална. Иако се најавува дека денеска била ставена во функција граѓаните и натаму се соочуваат со низа на проблеми.  Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и […]

Граѓаните гневни – не работи „Мој ДДВ“


  Не се знае кој пат по ред последнава година се губи конекцијата со Управата за јавни приходи за скенирање на сметките во рамките на „Мој ДДВ“ „Нема конекција до УЈП!“ – ова е пораката што се појавува веќе трет ден на апликацијата. Како и во минатите случаи, од УЈП велат дека проблемот е од […]

Два, три, четири часа… се чека за влез во Грција


  Веројатно ова лето ќе биде вистинска голгота за оние што ќе одлучат да одат на одмор во Грција. Овој викенд, прв по завршувањето на наставата во училиштата, го соочи македонските, српските и други патници надвор од ЕУ дека новиот систем за влез во Унијата ќе предизвика многу главоблки, нервози и ќе бара уште поголемо […]

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка


Пожарникарите доброволци од Доброволното Противпожарно друштво(ДПД)-Штип кои функционираат веќе втора година, по големиот пожар на планината Серта деновиве очекуваат да им пристигне донација од Америка. Димитар Ташков командир на ДПД-Штип вели дека донацијата ја обезбедиле самите и се состои од заштитна опрема.  -Преку приватна линија, успеавме да обезбедиме донација од Америка. Очекуваме да пристигне наредната […]

Жителите на Рјол ја отстранија оградата со бодликава жица на планираниот луксузен ресорт на јадранскиот брег на Албанија


Околу 200 демонстранти денеска урнаа делови од метална ограда со бодликава жица околу градилиште на луксузно одморалиште на јадранскиот брег на Албанија, што е најнов знак за растечкиот јавен гнев поради изградбата во еколошки чувствителни области. Жителите на селото Рјол, кај Велипоја, во регион со песочни плажи и борови шуми во северна Албанија, протестираа против […]

Конзорциум предводен од „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје-Блаце, изградбата стартува летово


Конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“ ќе го гради вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри, а изградбата ќе почне летово, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој очекува автопатот да биде изграден за 3,5 години. На него ќе има пет тунели, две галерии, 12 мостови, околу 40-тина […]

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци-Дељадровци


Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност, информираат од локалната самоуправа. Проектот, како што велат, претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, […]

Без струја делови од општините Петровец и Сарај


Без електрична енергија денеска во периодот од  08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Бадар, Кожле и Блаце, корисниците од населба Тотинци и тунелите Катланово во општина Петровец, информира ЕВН Македонија. Без струја во периодот од 08:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од село Сарај лоцирани позади старата џамија во општина Сарај.

Општина Чаир се поднови со 100 контејнери


Општина Чаир соопшти дека продолжува со инвестициите во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денес започна поставувањето на 100 нови контејнери на територијата на општината, на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни населби на Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, […]

Концерт „Звуците на Македонија“ на Школка во Градскиот Парк


Концертот „Звуците на Македонија“, во изведба на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе се одржи денеска со почеток во 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк. Од Факултет за музичка уметност соопштуваат дека преку богата програма исполнета со македонски народни песни и инструментални изведби, […]

Kонцертна манифестација „Центарска Симфонија“ на Плочник – Градски Ѕид


Концертна манифестација „Центарска Симфонија“ ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот, на Плочник – Градски Ѕид во центарот на Скопје. „Центарска Симфонија“ е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, со цел збогатување на културниот живот и доближување на квалитетната музичка уметност до пошироката јавност. -Ќе имате можност да […]

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Бул Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“ и Кеј „Димитар Влахов“


Прекин во водоснабдувањето денеска ќе има за корисниците на неколку улици во Скопје. ЈП Водовод и канализација најавува прекин на водоснабдување денеска за корисниците на улиците „Бул Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“ од 8:00 часот изутринава.  Прекинот ќе биде поради поправка на затворач со пречник од 300милиметри на двете улици, а ќе трае до завршување […]

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени […]

Здружението „Симентал“ од Делчево: Прекинот на откупот на млеко ќе остави без пласман околу 15.000 литри дневно


Здружението на одгледувачи на говеда „Симентал“ од Делчево на прес-конференција алармираше дека најавениот прекин на откупот на млеко од страна на млекарниците „Осогово Милк“ и „Малеш“ сериозно ќе го загрози опстанокот на сточарските фарми во регионот и ќе остави без пласман околу 15.000 литри млеко што дневно го произведуваат околу 80 сточари. Од Здружението оценија […]