Советникот од СДСМ во Центар, Матевски го донираше паушалот за помош на оштетените од невремето
Советниците на Општина Центар го усвоија Предлог-правилникот на Општина Центар за доделување еднократна финансиска помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме.
Паралелно со ова некои советници, како и градоначалникот Горан Герасимовски ги донираа своите паушали кои им следуваат за учество на седниците да ги донираат со цел да им помогнат на оштетените.
„Солидарноста се покажува со дела, не со зборови. На 10-тата седница на Советот на Општина Центар јавно соопштив дека мојот советнички паушал за месец јули ќе го донирам за лицата кои претрпеа штети од силното невреме што ја погоди нашата држава на 21.07.2026 година“, пишува во објава на социјалните мрежи советникот од советничката група на СДСМ во Советот на Општина Центар, Ненад Матевски.
Матевски ги повика и другите советници во Советот да го следат неговиот пример, кој може да обезбеди околу 620.000 денари дополнителна директна помош за најпогодените семејства.
„Упатувам повик и до советниците во сите општини во Град Скопје да се приклучат на оваа иницијатива. Кога сме обединети, можеме да помогнеме многу повеќе. Да покажеме дека во најтешките моменти сме заедно. Да покажеме дека хуманоста нема политичка припадност. Секој придонес значи нова надеж за некое семејство. Солидарноста не е трошок – таа е наша должност“, вели советникот Матевски во својата објава.
Записник од МВР за настанатата штета.(Б.Б.)