СДСМ: Труjачите на водата добија уште 5 години да го спасуваат Охрид
СДСМ реагира на одлуката на УНЕСКО да не го става Охридскиот регион на листата на светско наследство во опасност.
„УНЕСКо на оваа власт ѝ даде уште пет години. Истите што за три дена дозволија загадена вода во четири града, истите што не можеа да обезбедат безбедна вода ниту во болница, сега добија нов рок да го „спасуваат“ Охрид и Охридското Езеро. Пет години.
Проблемите се исти со децении: дивоградби, загадување, уништување на крајбрежјето, неисполитени обврски. Ништо ново. Само уште еден алиби-рок за власт што докажано не знае да штити ниту вода за пиење, а камоли светско наследство. Екипата на ВМРО-OKГ не знае ни билборд да направи, а не да сочува наследство.
Знаејќи ги, после пет години повторно ќе биде виновен некој друг. Некој од пред 35 години. Секој е виновен, освен Мицкоски и тендер-коалицијата што ја сочинува оваа власт. Тие денес ја имаат целата моќ и ја носат целата одговорност, и на локално и на државно ниво. Ако во овие пет години не се направи она што мора, ќе биде доцна. Нови пет години нема да добиеме. Охрид нема бесконечни рокови, а оваа власт има само бесконечни изговори“, стои во писмената реакција на СДСМ.