Утре бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес
По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот.
Со панорамски автобус и стручен туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да слушнат приказни за објектите што биле разрушени, како и за локациите што го обликувале некогашниот изглед и дух на градот.
Разгледот ќе се одржи во утре (сабота), со поаѓање во 10:00 часот од Порта „Македонија“.
За учество е потребно претходно пријавување на телефонскиот број +389 71 250 419.
Од Град Скопје ги повикуваат граѓаните заедно да се потсетат на минатото, да ја зачуваат меморијата за земјотресот од 1963 година и да ја пренесуваат приказната за градот на идните генерации.