Среде лето на Шар Планина падна снег
Заладувањето што го почувствувавме денеска, донесе и слаби врнежи од снег на Шар Планина.
Над Попова Шапка, падна снег и покрај тоа што е средина на летото.

На надморска височина над 2.300 метри температурата се спуштила под нулата.
Од SkiMacedonia апелираат до сите посетители на планините секогаш да носат соодветна облека и опрема, бидејќи временските услови на високите планински предели можат нагло да се променат, дури и во средината на летото.
Во објавата се наведува и дека поради прекин на електричната енергија кај предавателот во Маврово, моментално немаат пристап до преглед на камерите од тој регион.