Четири компании дадоа понуди за електрични автобуси, пак е избран унгарски „Икарус“


Електричен автобус на „Икарус“

 

Четири компании доставија понуди на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, информираше Министерството за транспорт.

Меѓу нив е унгарската „Икарус“ со заедничка понуда со австриската ЕВН, која победи на претходниот тендер, но потоа тој беше поништен поради неправилност во постапката.

Другите три компании се: кинеската „Голден драгон бас компани“ од Шимаен, Кина; потоа уште една кинеска компанија „Јутонг“ (која претходно ги испорача двокатните автобуси за Скопје), овој пат како што наведува Министерството „Јес-ЕУ Денмарк А/С Јутонг“. Третата е турската компанија „БМЦ Отомотив санаји“.

По спроведенета евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека од вкупно четирите доставени понуди, согласно критериумите утвредни со Јавниот повик, два економски оператори ги исполнуваат условите да учестувуваат на електронската аукција, согласно член 59 од Законот за јавни набавки (јавното надавање) што се оддржа денеска: турската компанија и унгарската.

Според одржаната електронска аукција, најниска цена доставила компанијата „Икарус“ од 3,1 милијарда денари без ДДВ (50 milioni evra), односно 19,7 милиони денари без ДДВ (320 илјади евра) по единица автобус и 2 милиони денари (32.500 евра) без ДДВ по единица станица за полнење. 

Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка, предложи избор за најповолен понудувач, по што утврден е рок за жалба од десет дена.

По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:  

– 30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот,

– 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот,

-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот.