Унгарски „Икарус“ повторно најевтин понудувач за автобусите за ЈСП


Електричен автобус на „Икарус“
Во однос на Jавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, информираме дека до крајниот рок понуди доставија четири компании и тоа:
 
– Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd.
 
– YES -EU DENMARK A/S YUTONG
 
– BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi
– IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN 
 
По спроведенета евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека од вкупно четирите доставени понуди, согласно критериумите утвредни со Јавниот повик, два економски оператори ги исполнуваат условите да учестувуваат на електронската аукција, согласно член 59 од Законот за јавни набавки (јавното надавање) што се оддржа денеска и тоа:
 
– BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi
 
– IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN 
 
Според одржаната електронска аукција, најниска цена достави компанијата IKARUS Electric Zrt во заедничката понуда со EVN и тоа од 3.120.956.004 денари дез ДДВ, односно 19.796.924 денари без ДДВ по единица автобус и 2.018.899 без ДДВ по единица станица за полнење. 
 
Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка, предложи избор за најповолен понудувач, по што утврден е рок за жалба од десет дена.
 
По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:  
-30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот
– 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот
-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот.
 
Државната комисија за жалби по јавни набавки на крајот на мај го поништи тендерот за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, на кој како најповолни понудувачи беа избрани унгарската компанија „Електробус-Икарус“ и австриската ЕВН.
Одлуката следела откако една од четирите компании што учествувале во јавниот повик поднела жалба до Комисијата. Ова е втор неуспешен обид на Владата за набавка на електрични автобуси. Првиот тендер, објавен во јуни 2025 година, пропаднал затоа што единствениот понудувач не ги исполнувал условите.