Инспекции ќе ги проверуваат објектите од кои летаа лимени покриви
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период ќе бидат спроведени засилени инспекциски контроли на објектите чии покриви биле однесени или сериозно оштетени за време на невремето.
„Ќе се проверуваат сите објекти со оштетени кровови за да се утврдат причините за настанатите оштетувања, имајќи предвид дека нивното одржување е обврска на куќните совети“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека сите расположливи капацитети на Градот се ангажирани за справување со последиците од невремето и посочи дека Град Скоп