Ветерот го однесе државното знаме од плоштадот во Куманово


Силниот ветер што вчера го зафати Куманово го откорна државното знаме од јарболот на градскиот плоштад.

Од Општина Куманово информираа дека знамето било пронајдено и преземено од полициски службеници, но е оштетено.

„Знамето е оштетено. Ја информиравме Службата за општи и заеднички работи при Владата за состојбата. Оттаму нè известија дека ќе обезбедат ново знаме“, изјави секретарот на Општина Куманово, Емилија Сладирис Јаневска.
 
Новото државно знаме ќе биде поставено откако ќе биде доставено од надлежната владина служба