Денеска УНЕСКО ќе одлучува за судбината на Охрид


Фото: Б. Грданоски

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска ја носи конечната одлука за судбината на Охридскиот Регион.

Одлуката ќе биде донесена врз основа на податоците од извештајот за напредокот во исполнувањето на препораките, односно над десетината констатирани критични точки, од дивоградбите и справувањето на одговорните со нив, колекторскиот систем, па се’ до урбанистичкото довеење во градот и стореното, односно нестореното во заштитата на Студенчишко Блато. Денешната одлуката ќе значи зачувување на моменталниот статус на Охрид, или градот ќе биде префрлен на Листата на светско наследство во опасност.

Охрид на чекор да биде прогласен за загрозено културно наследство

Македонија и соседна Албанија имаа рок до 1 февруари 2026 година да достават извештаи до УНЕСКО за тоа што е преземено за заштита на Охрид и на Охридското Езеро, со цел да се зачува статусот на светско природно и културно наследство. Во спротивно, Охридскиот Регион ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Она на што, меѓу другото, најмногу се однесуваат забелешките на УНЕСКО, се урбанистичкиот хаос во Охрид и на охридскиот брег, загадувањето на езерото и недоволната заштита на културното наследство.

Минатото лето, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и природни наследства во опасност и им даде на Македонија и Албанија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на реактивните мониторинг мисии.

Левица: Ветува ли ДПМНЕ уривање на дивоградбите, вклучително и хотелот на Мијалков, за да бара уште шест години од УНЕСКО?!

Во февруари годинава владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за Николоски беше во дводневна работна посета на Париз на средба со раководството на УНЕСКО со цел да ги потенцираат заложбите за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.