Што значи загрозено културно наследство на УНЕСКО и како тоа ќе влијае на Охрид?


Фото: Б. Грданоски

Загрозено културно наследство на УНЕСКО значи дека еден важен споменик или место е ставено на специјална листа бидејќи му се заканува уништување. Оваа мерка помага да се привлече итна помош, пари и внимание за да се спречи трајна штета.

Причини за загрозување
  • Војни и вооружени напади што можат да ги срушат градбите.
  • Природни непогоди како земјотреси, поплави или пожари.
  • Лошо управување, градба без дозвола и прекумерен туризам.
Што носи овој статус
  • Итна финансиска и техничка помош од светски фондови.
  • Посебен надзор од стручни лица за да се спаси местото.
  • Предупредување до државата да преземе брзи чекори за заштита.
Охридскиот регион во моментов се соочува со сериозен ризик да биде официјално префрлен на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО.
Иако државата со години добиваше одложувања за да ги исполни препораките за заштита, Комитетот за светско наследство на својата 48. сесија во Бусан, Јужна Кореја (јули 2026 година), повторно алармираше за критичната состојба поради ограничен напредок на терен.
Главните забелешки и закани од УНЕСКО
  • Неконтролирана урбанизација: Масовната градба и големиот број дивоградби долж охридскиот брег ја менуваат автентичноста на регионот. 
  • Еколошки проблеми: Доцнење на клучни инфраструктурни проекти и неефикасност на колекторскиот систем што води до загадување на Охридското Езеро.
  • Слабости во управувањето: Недоволна координација меѓу институциите и неспроведување на препораките од мисиите на УНЕСКО од 2017, 2020 и 2024 година. 
Што значи ова за Охрид?
Доколку Охридскиот регион биде ставен на оваа листа, а денеска Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ќе одлучува, тоа не значи директно губење на статусот, туку последен жолт картон и сериозно меѓународно предупредување. Тоа ќе донесе засилен меѓународен надзор и строги, временски ограничени мерки што државата мора веднаш да ги спроведе за да го спаси својот најголем природен и културен бисер.
 
Што значи да се има УНЕСКО светско наследство?
 

Статусот Светско наследство на УНЕСКО е најпрестижната титула што едно подрачје или локалитет може да ја добие. За едно место да биде прогласено за светско наследство се подготвува опсежна документација која треба да ја докаже неговата исклучителна вредност и важност за човештвото денес и во иднина. Едновремено, УНЕСКО проценува дали државата воспоставила систем за заштита и може да гарантира трајно зачувување на интегритетот и автентичноста на доброто како главни атрибути на исклучителната универзална вредност (ИУВ) (Outstanding Uneiversal Value – OUV).

Светското наследство не е под заштита на УНЕСКО. Туку УНЕСКО воспоставува систем преку кој локалитетите и подрачјата од исклучителна светска вредост ќе бидат заштитени, што пак е обврска на секоја држава. Така, со потпишувањето на Конвенцијата за светско наследство,  Македонија се обврзала својот единствен УНЕСКО регион да го заштити, зачува, презентира и пренесе на идните генерации.

Исклучителната универзална (природна) вредност, Охрискиот регион ја добива со:

Охридско Езеро (со регионот) – најстарото езеро на Европа кое датира уште пред  глацијалниот период, географски изолирано и со непрекината биолошка активност најмалку еден и пол милион години природен феномен кој обезбедува уникатно прибежиште за бројни ендемски видови и реликтни слатководни видови флора и фауна. Неговата исклучителна екологија се должи на олиготрофните води кои поддржуваат над 200 ендемски видови растенија и животни од кои 17 видови риби.

Исклучителната универзална (културна) вредност ја добива со:

Градот Охрид – едно од најстарите живелишта во Европа кое се оценува како најдобро сочувана комплетна целина која опфаќа археолошки остатоци од Бронзената ера сè до Средниот век, религиска архитектура од 7 до 19 век и урбана структура која ја претставува градската архитектура од 18 и 19 век. Византиската уменост е претставена низ фрески на површина поголема од 2500 метри квадратни и преку 800 светски вредени икони од 11 до 14 век. Охрид е град на најсариот словенски манастир, Св. Пантелејмеон и извор на словенската култура; седум базилики од 4 до 6 век во стариот дел на градот кои недвојбено укажуваат на старата слава на Лихнидос.

Спојот на природните феномени од светска важност со квалитетот и разновидноста на културните вредности и духовното наследство, го прават овој регион вистински посебен. (IUCN, 2019)

Охридско Езеро во 1979 и градот во 1980 ја комплетираа титулата на Светско природно и културно наследство на Охридскиот Регион според четири критериуми на територија од 83,35 ха.

Охридскиот регион е едно од само 38 УНЕСКО подрачја во светот и 8 во Европа во мешовита категорија на светско природно и културно наследство.