Грција денеска го „трча“ последниот километар од 42-дневниот маратон


Грција денеска го „трча“ последниот километар од 42-дневниот маратон на рестриктивни мерки, а од утре, се укинува забраната за движењето на граѓаните и Грците ќе почнат полека и постепено да се прилагодуваат на новото секојдневие, кое носи и одредени правила, упатства и препораки, јави дописничката на МИА од Атина. Од  „остануваме дома“, мотото во текот […]

Словенија постепено отвора училишта од 15 мај


Наставата преку телевизија и преку интернет воведена во Словенија поради Ковид-19 ќе продолжи и во наредните две недели и покрај олеснувањето на епидемијата, со постепено отворање градинки и училишта што се планираат од 15 мај. Тоа го најави синоќа министерката за  наука, образование и спорт Симона Кустец. Во школски клупи ќе се вратат учениците од […]

„Балконската војна со тенџериња“ во Србија премина во политичка (видео)


„Балконската војна со тенџериња“ како што ја нарекоа медиумите бучавата предизвикана од удирањето со тенџериња, свиркања, музика и факели, која во знак на „протест против диктатурата“ и „подршка за власта“ веќе четири дена се одвива по терасите, прозорците и крововите на зградите во Србија за време на полицискиот час, како што јави дописникот на МИА […]

Уставниот суд на Косово го суспендира декретот на Тачи за формирање нова влада


Уставниот суд на Косово доцна попладнево донесе времена мерка за суспендирање до 29 мај на дејствијата по однос на декретот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување мандат за формирање нова влада на Косово на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи вчера го достави […]

Зоран Милановиќ напушти настан поради усташки написи


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во петокот рече дека ја напуштил 25-годишнината од акцијата „Блесок“ во Окучани поради усташкиот натпис „За дом спремни“ на маиците на некои од присутните, за што смета дека е газење на жртвите и сеќавањето на настанот. „Жал ми е, дојдов тука да им оддадам почит на оние што паднаа за Хрватска. […]

Уште шестмина починаа во Србија од ковид-19 – можно е да се вратат сите мерки


Според последните информации, во Србија до 15 часот починаа уште шест лица од корона вирус, четворица мажи и две жени, со што вкупниот број на мртви порасна на 185, објави Бе 92. Епидемиологот д-р Предраг Кон рече дека заклучно со 1 мај, дури 563 корисници на домови за стари се заболени од ковид-19, како и […]

Во Србија 13 лекари досега се починати од епидемијата на ковид-19


Од епидемијата на новиот корона вирус во Србија досега се починати 12 лекари и стоматолози и еден пензионер, штитеник на дом за стари лица, изјави за порталот Нова.рс, претседателот на Синдикатот на лекари и фармацевти, Раде Паниќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Паниќ кажа дека со сигурност знае за 13 лекари, но […]

Во Бугарија заразени 170 лекари


  Во Бугарија од корона вирус заразени се вкупно 170 лекари, покажуваат најновите податоци на кризниот штаб на таа земја. Во последните 24 часа бројот на заразени скокна на 1.541, откако беа забележани нови 53 случаи. Според официјалните податоци, во Бугарија 317 заболени лица од ковид 19 се наоѓаат на болничко лекување, а 40 пациенти […]

Претседателката на турскиот синдикат е меѓу 15 приведени кои сакале да го одбележат 1 Мај


Турската полиција приведе неколку претставници на синдикати кои излегоа на улиците на Истанбул по повод Денот на трудот на 1 мај, и покрај забраната за движење воведена за борба против епидемијата на коронавирусот. Околу 15 лица, меѓу кои и лидерот на големата турска синдикална конфедерација ДИСК, Арзу Черкезоглу, беа приведени денеска. Приведените биле дел од […]

Уште шест жртви на ковид-19 во Србија


Според последните информации во Србија до 15 часот денеска починале уште шест лица, двајца мажи и четири жени, со што до сега починати се 179 пациенти. На респиратор се 71 пациент. Потврдени се уште 285 случаи на заразени до корона вирус, со што вкупно се 9009 пациенти. Од денеска забраната за движење почнува од 18 […]

Бројот на новозаразени со корона вирусот во Словенија останува низок


Во Словенија се потврдени само 11 нови случаи на лица заразени со коронавирусот што според лекарите е уште еден доказ дека земјата добро се справува со епидемијата, јави дописникот на МИА од Љубљана. Намалување има и на бројот на пациентите кои болнички се лекуваат поради ковид-19, па така во медицинските центри сега се третираат 63 […]

Над 40 лица заразени со ковид-19 на погреб во Турција


Над 40 лица се заразени со Ковид-19 на погреб во Турција, соопшти гувернерот на областа Ерзурум, Окај Мемиш и истакна дека вирусот е донесен надвор од областа. Четириесет и три локални жители од градот Текман, од областа Ерзурум, се заразиле по контакт со други лица кои пристигнале на погребот од различни делови на земјата. Две […]

Само десет нови случаи на Ковид-19 во Грција, почина уште едно лице


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани десет нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број заразени се зголеми на 2.576 лица, а на починати на 139 лица, откако беше регистриран уште еден смртен случај, јави дописничката на МИА од Атина. Приклучено на апарати е 41 лице, а 71 пациент бил отпуштен од Одделите […]

Унгарски новинари се жалат на цензура


Државните органи одговараат само на избрани прашања од избрани новинари, а лекарите се плашат да зборуваат поради страв од казна, изјавија опозициски новинари од Унгарија во истражување спроведено во земјата. Приврзаниците на унгарската владејачка партија ги сметаат ваквите тврдења како „исполитизирани“, објави Би Би Си. Невладината организација Унгарска унија за граѓански слободи (ТАСЗ), откако овој […]

Границата меѓу Словенија и Хрватска може да биде отворена до крајот на мај


Ако нема повторно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, границата меѓу Словенија и Хрватска може повторно да биде отворена до крајот на мај, јави дописникот на МИА од Љубљана. На оваа тема во Загреб разговараа министерот за економија на Словенија Здравко Почивалшек и хрватскиот министер за туризам Гари Цапели, по што двајцата се согласија […]

Во Албанија нови 16 случаи со Ковид-19, вкупно 766 заразени


Во последното деноноќие во Албанија од тестираните 270 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 16 од нив, со што бројот на вкупно заразените од Ковид-19 во земајта се зголеми на 766 лица. Од ново заразените девет се од Тирана, пет од Круја додека по еден од Скадар и Берат. -Во исто време во списокот […]

Нови десетмина заболени и 31 излекуван од Ковид-19 во Косово


Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени 31 нов случај на лица кои, по тестирањата два дена едноподруго, согласно методите на Светската здравствена организација, резултираа излекувани од Ковид-19, со што бројката на тие кои ја пребродиле болеста се зголеми на 232. Како што јави дописникот на […]

Во Албанија училиштата ќе се отворат само за полагање државна матура


Поради пандемијата со Ковид-19 учебната 2019/2020 година во Албанија ќе заврши без можност учениците и студентите да се вратат во училишните простории. Информацијата вечерва ја соопшти министерката за образование Беса Шахини преку онлајн комуникација. -Како што ви ветив, би сакала да ве информирам за одлуката што ја донесовме, за крајот на учебната година. Училиштата и […]

„Туркиш ерлајнс“ нема да извршува летови до 28 мај


„Туркиш ерлајнс“  соопшти денеска дека го продолжува до 28 мај прекинот на меѓународните и домашните летови воведени поради пандемија со корона вирусот. Ова беше објавено еден ден по изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека државата може да почне со ублажување на некои ограничувања по Рамазански Бајрам кон крајот на мај. Турција забрани патување […]

Мицотакис го соопшти планот за „враќањето во ново секојдневие“


Со целосно укинување на ограничувањето на движењето и отворање на дел од продавниците од понеделник, на 4 мај започнува постепеното олабавување на рестриктивните мерки во Грција, а една седмица подоцна ќе се отворат и останатите продавници и матурантите ќе се вратат на училиште, додека пак угостителските објекти и дел од хотелите ќе започнат со работа […]