Белградска „Арена“ се претвара во Ковид-болница


Србија– Од понеделник спортската „Арена“ се претвара во времена Ковид-болница во која ќе има 500 болнички кревети и сите услови за прием на заразените од Ковид-19, а Ортопедската клиника на Бањица ќе биде вратена во Ковид системот и ќе биде пак Ковид болница, најави денес министерот за здравство Златибор Лончар. 

Министерот додаде дека следна болница која ќе стане Ковид болница ќе биде болницата во Пожаревац.

Аперилираше до граѓаните да се придржуваат до мерките.

Во последните 48 часа во Србија починаа уште 11 лица како резултат на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. Официјалниот број на починатите е 298, според веб-страницата covid19.rs.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 8.102 лица за корона вирус, а регистрирани се 309 нови случаи. На респиратор има 85 лица.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се потврдени 15.504 случаи на инфекција. Стапката на морталитет е 1,92 проценти. Бројот на активни случаи е 2.142.

Во Белград сега е прогласена вонредна состојба.