Д-р Несторовиќ: Ние и Северна Македонија имаме пораст на бројот на починати, кој знае дали е корона?


Многу млади луѓе кои имаат воспаление на белите дробови, а не беше така пред три месеци. Се чини дека сега ги напаѓа помладите луше и делува како да се работи за нов вид корона вирус.

Сето ова го кажа проф. д-р Бранимир Несторовиќ, од Србија, а потоа стигна слична вест и од светот. Тој за ТВ Прва вели дека се сомнева оти воопшто се работи за корона вирус и дека тоа треба да го испита комисија при Министерството за здравство.

„Според една голема студија се појавила нова верзија на вирусот која може да зарази повеќе луѓе, но наводно, според последиците не е посилна од претходната. Пред еден месец се појави вирусот Де, кој има зголемена преносливост, а дали е посериозен од претходниот, тука постојат несогласувања. Ние ја завршивме епидемијата на 1 мај и до 1 јуни практично ништо не се случуваше. Тогаш почна нов бран кој не изгледа како првиот. Не се толку загрозени старите луѓе. Мене не ми личи на ист вирус“, конататира д-р Несторовиќ.

Според него, појавата на нови симптоми се совпаѓа со доаѓањето на луѓе од Швајцарија и Италија кои веројатно го донеле вирусот.

„Ние сега немаме сериозна ситуација, сега имаме џепови на инфекција. Во сите земји во Европа постои пораст на нови случаи, но и пад на смртноста. Ние и Северна Македонија имаме пораст на смртните случаи, а порастот на заразени е очекуван. Да умрат 17 луѓе за два дена тоа според мене, бара да се формира комисија и да се вклучат патолози да се види од што починале тие луѓе, за да знаеме што да очекуваме“, вели д-р Несторовиќ.

Во прилог на ова потсети дека може да сте позитивен на корона, но да не боледувате од неа. „Затоа треба да се испита за што се работи овде“, заклучува тој.