Србија: Само во Нови Пазар денеска починаа пет лица


Во Србија во последните 24 часа, регистрирани се нови309 случаи со ковид-19, а починаа 11 лица.

Координаторот на Општата болница во Нови Пазар, Мирсад Ѓерлек, изјави дека во претходните 24 часа починале уште пет лица во тој град, и дека во таа здравствена установа се лекуваат 205 пациенти позитивни на ковид.

Тој на прес-конференцијата рече дека три починати лица биле од Нови Пазар, а две од Тутин.

„Во изминатите 24 часа хоспитализирани се 31 пациенти, половина помалку од вчера, така што сега имаме 205 ковид пациенти. Има еден човек на респиратор“, рече Ѓерлек.

Тој најави дека во текот на денот во Нови Пазар ќе пристигнат уште 10 респиратори, така што Општата болница сега ќе има 28 од овие уреди, како и дека ќе се формира воена болница веднаш до блокот за внатрешна медицина.

„Од денес стануваме регионална болница за ковид и ќе прифатиме и пациенти од Сјеница, бидејќи ситуацијата во Ужице е тешка. Задачата е тешка, немаме доволно персонал, здравствените работници се премногу уморни, но јас бев среќен што слушнав дека ќе се формира воена болница со 150 кревети“, рече Ѓерлек.

Тој исто така рече дека Општата болница ангажирала девет невработени лекари и 17 медицински сестри со цел да го надомести недостатокот на здравствени работници кои се на боледување.

Денеска на југот од Србија починале уште три лица во болницата во Ниш и едно во Врање. Вкупно тестирани денеска се 8.102. (Бета)