Во белградската болница „Звездара“ за помалку од 24 часа примени 124 пациенти

Директорот на Клиничко-болничкиот центар „Звездара“ во Белград, Петар Сворцан, денеска изјави дека таа болницата од четвртокот е целосна ковид-болница и дека во моментот се хоспитализирани 301 пациенти. За помалку од 24 часа хоспитализирани се 124 нови пациенти во таа установа заразени од корона вирусот.

„Од вчера попладне до утрово, имавме 124 пациенти кои ги примивме, од кои 24 пациенти се на интензивна и полуинтензивна нега, а петте најтешки пациенти се ставени на респиратор“, рече Сворцан за РТС.

Доминираат средовечни пациенти на возраст меѓу 35 и 50 години, наведува Сворцан, додавајќи дека има многу случаи на тешка пневмонија.

Тој додаде дека постарите пациенти биле на респиратори, а пациентите со средна возраст биле хоспитализирани поради пневмонија.

Директорот на болницата, исто така, рече дека осум медицински работници од КБЦ „Звездара“ се позитивни за корона вирусот и дека имаат полесна клиничка слика, како и дека неколку од нив се во изолација и ги чекаат резултатите од тестот. (ФоНет)