Земјотрес пак го тресеше Загреб


Хрватска – Делови од Загреб денес повторно се тресеа на 2,3 Рихтери, со епицентар 11 километри од центарот на хрватскиот главен град.

Земјотресот го забележи Сеизмолошката служба на Хрватска.

Во ек на епидемијата од корона вирусот, Загреб во март доживеа уште еден шок – беше погоден од силен земјотрес од 5,3 степени по Рихтер. Граѓаните кои веќе екстремно загрижени поради пандемијата со Ковид 19, дополнително се вознемирија од земјотресот регистриран во близина на хрватскиот главен град.