Во Словенија уште 16 заразени со Ковид-19

 

Во Словенија во минатите 24 часа тестирани се 1.274 лица, од кои 16 биле позитивни на корона вирус.

Еден од новозаболените е во болница, наведе СТА, Од почетокот на епидемијата во Словенија вкупно се заразија 1.649 лица, а починаа 111.

Следејќи ги новите случаи минатите недели, се виде дека повеќето се увезени од странство, па словенечките власти пред неколку дена одлучија од зелената листа да ги тргнат Хрватска, Франција и чешка, како земји кои повеќе не се епидемиолошки безбедни.

Влдата најави и стриктни контроли на границата со хрватска, за на тој начин да обезбеди спроведување првентивни мерки со ел сузбијање на ширењето на вирусот.