Словенија спроведе тестирање за корона во цела популација


  Словенечката влада утре официјално ќе ги објави резултатите од националното истражување за раширеноста на новиот корона вирус во популацијата, а министерот за здравство денеска рече дека прокуженоста на популацијата со вирусот е релативно ниска. „Прокуженоста е некаде меѓу два и четири отсто, што е релативно малку“, рече Гантар пред новинарите по седницата на владата […]

Во Словенија се отвораат градинките и училиштата на 18 мај


Министерството за образование, наука и спорт на Словенија објави дека на 18 мај и дефинитивно се отвораат училиштата и градинките, јави дописникот на МИА од Љубљана. Сите приватни и државни градинки ги прават последните подготовки за да можат за помалку од две недели да продолжат со нормална работа. Што се однесува до училиштата, први на […]

„Јутарњи“: Парламентарни избори во Хрватска во јули


Парламентарните избори во Хрватска ќе се одржат во јули, речиси половина година пред рокот, а владејачката ХДЗ ќе одлучи меѓу три можни датуми – 5, 12 или 19 јули, пишува денеска весникот „Јутарњи лист“. Весникот, повикувајќи се на свои извори, наведува дека ХДЗ за датумите одлучил вчера, и предлогот ќе му го достави на хрватскиот […]

Заразени уште 120 луѓе во Србија, починаа тројца


Во Србија во последните 24 часа починаа уште тројца пациенти од ковид-19, објавено е денеска на порталот Covid19.rs. Со тоа бројот на жртви во Србија се зголеми на 200, а процентот на смртност е 2.07 отсто. Во последните 24 часа потврдени се нови 120 случаи на заразени од корона вирус. Вкупно се тестирани 111.278, а […]

Германија ја продолжи граничната контрола до 15 мај


Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер ја продолжи контролата на германските граници до средина на мај, поради пандемијата со новиот коронавирус. Контролата на границите во Германија беше воведена во март, а е продолжена до 15 мај.Од германското Министерство за внатрешни работи соопштија дека целта е да се продолжи успешно да се контролира ширење на […]

По два дена повторно се појавија новозаразени со ковид-19 во Словенија


После два минати дена без ниту еден нов случај на заразен со новиот корона вирус во Словенија, лекарите повторно евидентираа новозаразени лица, јави дописникот на МИА од Љубљана. Националниот институт за јавно здравје објави дека вчера се направени нови 1.338 тестирања за новиот корона вирус, а кај шест лица заразата била потврдена. Сепак намалување има […]

Јанша прогласува „прес-титутки“ и непријатели на државата


Откако ја презеде власта во март, десничарскиот премиер на Словенија, Јанез Јанша, е многу зафатен на Твитер. Тој ги нарече новинарите што го критикуваат лажговци и „прес-титутки“ и изјави дека генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) треба да си даде оставка. Во средата, тој сподели напис на Твитер кој сугерираше дека поборниците за слобода […]

Мицотакис предлага Грција да се отвори за туристи во јули


Најдоброто сценарио е Грција, за туризмот, да отвори на први јули. Работиме во таа насока, се подготвуваме за тоа, но секако тоа е поврзано и со авионските компании, бидејќи повеќето луѓе доаѓаат авионски во Грција, но поврзано е и со строги и применливи протоколи, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за „Си-ен-ен“. Мицотакис вели […]

Фото: На плажите во Грција стигнаа првите заштитени лежалки


Бар на плажа во Санторини стана првиот во Грција кој вгради плексиглас околу своите лежалки за да ги заштити посетителите од корона вирусот. „Демилмар“, сместен на прочуената плажа со црн песок во Перисa, ја смисли оваа идеја за да ги обезбеди луѓето кои ќе можат да дојдат на плажа летово, а истовремено да се чувствуваат […]

Србија оди на избори на 21 јуни


Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска најави дека парламентарните и локалните избори ќе бидат одржани на 21 јуни. Претседателот го соопшти ова по состанокот со претставници од партиите кои најавија дека ќе излезат на избори. „Ние ја прифативме идејата некои политички партии, кои бараа дополнителни пет дена, за изборна кампања, во согласност со законот, да […]

Нови шест случаи на ковид-19 во Грција, починаа уште две лица


Во изминатото деноноќие во Грција се регистрирани само шест нови случаи на Ковид-19, а починаа уште две лица, соопшти попладнево претставникот на експертскиот тим во борбата против новиот корона вирус при Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина. Со новите регистрирани позитивни и смртни случаи, вкупниот број на […]

Во Хрватска само со потврда дека се тестирани на корона вирус


  Сите кои ќе сакаат да влезат во Хрватска од сега ќе мора да имаат потврда дека се тестирани на корона вирус. Ова го кажа директорката на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михањевиќ“, Алемка Маркотиќ, додавајќи дека тестот не смее да биде постар од 24 часа. „Оние кои ќе сакаат да влезат во Хрватска […]

Во Србија 93 новозаразени и четири смртни случаи, работат рестораните, меѓуградскиот автобуски и железнички сообраќај


Србија досега има евидентирано 9.557 заразени лица со новиот корона вирус, 197 починати и 1.574 излекувани граѓани. Од вирусот во изминатите 24 часа починаа четири лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 197 лица, со вкупна смртност од 2,06 отсто. Во изминатите 24 часа, како што е објавено на интернет-страницата на Владата […]

Србија од вонредна состојба на избори


Србија од полициски час оди право на избори. Ваквата најава произлезе од интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој соопшти дека вонредната состојба најверојатно ќе биде укината на 6 мај, на Ѓурѓевден, а дека изборите во Србија ќе се одржат на 14 или 21 јуни. Гостувајќи синоќа на ТВ Пинк, изјави дека одлуката за укинување […]

Четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито


На денешен ден пред 40 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 […]

Грција по 42 дена излегува од карантин


Со целосно укинување на забраната за движење за граѓаните и отворање на дел од продавниците, Грција од шест часот утрово, по 42 дена излегува од карантин и влегува во новата фаза на постепено олабавување на рестриктивните мерки, јави дописничката на МИА од Атина. Од денеска маските ги заменуваат смс пораките и потврдите за движење, со […]

Вучиќ: Вонредната состојба се укинува на Ѓурѓовден


Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави дека вонредната состојба во Србија најверојатно ќе биде укината на Ѓурѓовден, односно на 6 мај. Обраќајќи се на ТВ Пинк, Вучиќ рече дека потпишаниот предлог на претседателот и премиерката ќе оди во среда на Собрание и дека се очекува конечно вонредната сосотјба да биде укината во четврот. „Тоа би […]

Приштина: Самоубиство во карантин во студентски дом


Човек кој бил во карантин во студентскиот дом во Приштина, денеска изврши самоубиство со скок од петтиот кат, соопшти полицијата на Косово. Форензичарите излегле на местото на несреќата и истражуваат. Полицијата и итната помош го пренесле човекот што скокнал од петти кат во 17.20 часот во болница. Полицијата не дава повеќе детали. Студенстиот центар со […]

Во Виена тестирање на аеродром место карантин


Аеродромот во Виена од утре ќе понуди тестирање на новиот коронавирус за да им овозможи на патниците кои пристигнуваат во Австрија да избегнат 14-дневен карантин. Патниците ќе имаат на располагање молекуларно биолошки или ПЦР тест на Ковид-19 на виенскиот аеродром, чиј резултат ќе биде готов за два до три часа. – Патувањето со авион, без […]

Во Словенија нема новозаразени со корона вирусот


За прв пат од почетокот на епидемијата во Словенија нема нозозаразени со корона вирусот. Вчера во лабораториите низ земјата се направени вкупно 500 тестирања, а ниту еден не бил позитивен. Според податоците на Националниот институт за јавно здравје во овој момент во болниците поради Ковид-19 се лекуваат 59 пациенти, а само 21 во одделите за […]