Словенија во проблем: Короната влезе во старечки дом


 

Четири корисници и пет вработени во Дом за стари лица во Випава, на југот од Словенија заразени се со корона вирус.

Изворот уште не е утврден, а се тестираат сите кои биле во контакт со заразените, соопшти директорот Мартин Копатин.

„Сите вработени се во карантин, еден од заразените корисници е на клиниката за инфективни болести, а таму ќе се префрлат и останатите“, рече тој.

Ова е прв случај на корона вирус во еден дом за стари лица по крајот на епидемијата во Словенија.

Градоначалникот на Випава, Горан Кодеља за СТА вели дека е изненаден од оваа ситуација затоа што тоа беше општина која во првиот бран од заразата немаше ни еден заболен.

Според последните податоци, во Словенија регистрирани се нови 21 заразан од корона вирус, а во моментот има 180 активни случаи.