Словенија со 21 новозаразен од Ковид-19

 

Во Словенија во последните 24 часа корона вирусот е потврден кај 21 лице, со што вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 1.700.

Нема нови смртни случаи од Ковид-19 изминатото деноноќие, а вкупно досега починаа 111 пациенти.

Во болница со Ковид-19 се наоѓаат шестмина, но сите се во стабилна состојба, пренесе агенцијата СТА.