Корона вирусот не ги сoпре ни хрватските гласачи, претпладне излезноста 18,09 отсто

 

Пандемијата од корона вирус и мерките за заштита денеска не ги сопреа хрватските гласачи во намерата да гласаат на изборите за Хрватскиот сабор, а според податоците на Државната изборна комисија претпладне гласале 18,09 отсто од бирачите.

Имено, во недела претпладне своето право на глас во Хрватска го искористиле 620.000 бирачи, односно 18,09 отсто што е само 20-тина илјади помалку во однос на изборите во 2016 година, пренесе Хина.

Пред неполни четири години, во исто време гласаа 640 илјади бирачи односно 18,7 отсто.

Новите податоци за излезноста ДИК ќе ги објави во 17 часот.

Според фотографиите од избирачките места мерките за заштита од корона вирус се спроведуваат, бирачите носат маски, ракавици и ги дезинфицираат рацете.