Двојно помалку заразени денеска од вчера во БиХ

 

Во Босна и Херцеговина денеска се забележани нови 141 случај со ковид-19, што е двојно помлку од вчера кога регистрираа 289 случаи.

Во последните 24 часа во Федерацијата БиХ тестирани се 687 примероци, од кои 102 се позитивни. Досега таму се потврдени 2.768 заразени, од кои 1.515 активни.

Во Република Српска денеска се потврдени 39 позитивни на Ковид-19.