Ковид-19: Од понеделник во Црна Гора ќе има верски обреди


Верниците во Црна Гора ќе можат да посетуваат верски објекти под одредени услови од понеделник, 11 мај, соопшти Националното координативно тело за заразни болести, наведувајќи ги условите под кои може да се вршат верски обреди. Едно лице на 10 квадратни метри ќе може да престојува во верскиот објект, а максимум 20 лица надвор од зградата. […]

Регистрирани 13 нови случаи на ковид-19 во Грција, починаа уште две лица


Во изминатите 24 часа во Грција починаа две лица од Ковид-19, а регистрирани се 13 нови случаи, соопшти попладнево, шефот на експертската комисија за новиот коронавирус при Министерството за здравство на Грција, Сотирис Циодрас на редовната прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина. Според новите податоци, од почетокот на епидемијата вкупниот број на случаи […]

(Видео) Инцидент пред српскиот парламент, приведени 15 лица


Петнаесет лица биле приведени денес откако утринава пред српскиот парламент се случи инцидент во кој бил нападнат пратеник. Српските медиуми известија дека претседателот на НСС, Маријан Ристиќевиќ, при влегување во собранието вербално бил нападнат од претседателот на Двери, Бошко Обрадовиќ, по што дошло до хаос, меѓусебни навреди и туркање. До инцидентот дошло кога Обрадовиќ и […]

Нови 28 излекувани и еден заразен од ковид-19 во Косово, активни 273 случаи


Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави синоќа дека во четвртокот во земјата се регистрирани нови 28 случаи на лица кои биле заразени, а кои, согласно методите на Светската здравствена организација, по две последователни испитувања, резултирале излекувани од ковид-19. Во изминатите 24 часа во земјата е евидентиран и еден новозаболен од новиот корона вирус, […]

По падот на авионот кај Задар, хрватскиот министер за одбрана поднесе оставка


  Министерот за одбрана на Хрватска Дамир Крстичевиќ поднесе оставка по падот на воениот авион во кој загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство. „Денеска околу 16 часот во текот на редовен лет дојде до пад на школски авион „Злин“ во подрачјето на Бељана Долни. Со доаѓањето на местото на несреќата можевме да констатираме дека […]

Обновени летови од европски дестинации до бугарскиот град Варна


Авиокомпанијата Визер ги обнови летовите до аеродромот во бугарскиот град Варна од Ајндховен (Холандија), Дортмунд (Германија) и Лондон (Велика Британија). Трите лета се планирани за вечерва. По тој повод, Регионалната здравствена инспекција наложи во времето на слетување на трите авиони, во зградата на аеродромот да присуствуваат инспектори кои ќе мерат телесна температура на патниците и […]

Во Хрватска се урна воен авион за обука, две лица загинаа


Околу 16 часот во Хрватска, во близина на Задар, се урна авион пилатус. Порталот Индекс неофицијално дознава дека во инцидентот загинале две лица. Хрватското Министерство за одбрана потврди дека попладнево се урнал воен авион за обука, во кој биле дваца припадници на Хрватското воено воздухопловство. Од таму посочуваат дека станувало збор за редовен лет за […]

Во Србија нови 57 случаи на заразени со корона вирус и три починати лица


Србија досега има евидентирано 9.848 заразени лица со коронавирус, 206 починати и 2.160 излечени граѓани. Од вирусот во изминатите 24 часа починати се три лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 206 граѓани, со просечна возраст од 67,82 години, соопштија на владиниот сајт ковид.рс. Во изминатите 24 часа, тестирани се 5.521 лица, […]

Песокот и морето не се опасни за заразување од ковид-19, сметаат грчки експерти


Оваа година е толку безбедно да се легне на песок, колку што беше лани и преклани, но и пред десет години, вели професорката по морска микробиологија на Универзитет „Ејџиан“, Адамантиа Ефстратиу, додека пак професорката од Катедрата за океанографија и морска бионаука, од истиот Универзитет Рања Ѕораки, истакнува дека дури и на плажа потребно е да […]

Словенечки медиуми: Уште една провокација на Орбан


Дел од словенечките медиуми како провокација ја оценуваат постапката на Виктор Орбан, кој на социјалните мрежи објави карта на „голема Унгарија”. Интернет страната на Поп ТВ, во текст до наслов „Нова орбанова провокација со карта на голема Унгарија?” пишува дека во мапата која ја објави унгарскиот премиер влегува и словенечката област Прекмурје. – Ова не […]

Во Албанија во последното деноноќие 10 новозаразени и исто толку оздравени


Инситутот за јавно здравје на Албанија информираше дека во последното деноноќие од тестираните 275 сомнителни случаи на Ковид-19, позитивен е резултатот кај 10 лица, или две помалку од вчера. -Со новодијагностицираните вкупниот број се зголеми на 842 заболени, од кои 605 се оздравени или десет повеќе од вчера. Бројката на починати од останува 31,кои боледувале […]

Црна Гора ќе ги отвори плажите на 18 мај


Црна Гора се подготвува за летната туристичка сезона под одредени услови. Директорот на компанијата за морски производи Предраг Јелушиќ преку Скајп за тамошна телевизија изјави дека епидемиолошката состојба во Црна Гора е добра, дека здравствениот систем на земјата добро се справил со ситуацијата и дека се подготвени голем број мерки што подразбираат физичко растојание на […]

Укината вонредната состојба во Србија


Пратениците на српскиот Парламент вечерва го усвоија предлогот за укинување на вонредната состојба, како и предлог-законот за важење на уредбите донесени за време на вонредната состојба. За одлуката гласаа 155 пратеници, никој не беше против, а еден пратеник беше воздржан. Најголемиот дел од опозицијата ја бојкотираше седницата на собранието, а утринава имаше и инцидент предизвикан […]

Фон дер Лајен: Нема сомнеж дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ


Самитот ЕУ – Западен Балкан кој се одржа виртуелно наместо во Загреб поради пандемијата на Ковид-19 донесе пред сѐ економски и финансиски заложби. Иако санитарната криза го забавува процесот, лидерите на ЕУ институциите инсистираат дека регионот останува врвен приоритет за нив, јави дописничката на МИА од Брисел. -Одржувањето на овој самит сведочи за тоа дека […]

Празни столчиња на Синтагма – мирен протест на грчките угостители


Со 200 празни столчиња на плоштадот Синтагма, Грчката федерација на угостителски и сродни професии, вечерва одржа симболичен протест во рамките на европскита иницијатива симболични „Empty chairs“, јави дописничката на МИА од Атина. Од федерацијата на овој начин побараа ефективни решенија за да преживее конкретниот сектор. Секое од празните столчиња имаше и порака со барањата на […]

Мирел: ЕУ го потцени наследството од војните на Балканот


Наследството на војната е потценето и на Европа и недостасува политичка амбиција за земјите од Западен Балкан, оценува поранешниот директор на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Пјер Мирел, во опширното интервју за веб-страницата Европски Западен Балкан. Мирел смета дека ЕУ го потцени наследството од војната и недостигот на големи инвестиции од осумдесетите години, -Како […]

Брнабиќ: Србија ги исполни условите на СЗО за укинување на вонредната состојба


Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека се создадени сите услови за укинување на вонредната состојба воведена во Србија поради пандемијата на новиот корона вирус и порача дека таа не треба да трае „ ниту еден ден подолго од потребното“. Брнабиќ на седница на Парламентот, на која треба да се усвои предлогот на Владата за укинување […]

Во Словенија потврдени три нови случаи на Ковид-19


Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека вчера во земјата се направени 1.449 тестирања за новиот корона вирус, а три биле позитивни. Ова претставува намалување во однос за вчера, кога беше објавено за шест новозаразени лица. Намалување има и на бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19, па така во медицинските центри во земјата […]

Секој триесети Словенец бил заразен со новиот корона вирус


Првичните резултатите на словенечкото национално истражување за раширеноста на новиот корона вирус, покажуваат дека секој триесети граѓанин бил заразен со вирусот. Според портпаролот на Владата Јелко Кацин од направени 1.386 тестирања на граѓани по случаен избор, 41 биле позитивни односно кај нив биле пронајдени антитела на вирусот, а речиси сите биле без никакви симптоми. – […]

Како ќе изгледа престојот вo грчките хотели?


Најголемата загриженост за последиците од коронавирусот во Грција е во секторот туризам. Бидејќи годинешната летна сезона ќе биде послаба од претходните години, хотелиерите очекуваат да бидат во загуба од повеќе од 50 проценти. Постојат шпекулации дека шведската маса во хотелите може да стане дел од минатото, бидејќи се претпоставува дека може да се замени со […]