Нови 69 случаи во Хрватска, петмина на респиратор

 

Во изминатите 24 часа во Хрватска тестирани се 587 примероци, а регистрирани се 69 новозаразени со корона вирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментот активни се 897 случаи, а 90 пациенти се во болница, од кои пет на респиратор.

До сега во хрватска регистрирани се 3.220 заразени со корона вирус, 113 починаа, а 2.210 оздравеа.