Црна Гора воведе карантин за сите што ќе влезат од Србија


 

Сит екои од Србија ќе влезат во Црна Гора од вечерва ќе бидат упатени во карантин, одлучи денеска црногорското Национално координативно тело за заразни болести.

Истото тело воведе повеќе мерки за цела Црна Гора, особено за северниот регион, пренесе „Вијести“.

Одлучено е Црна Гора да не се затвори за своите државјани, но во соопштението се вели дека стапката на активни случаи во Република Србија, одобено на границата со Црна Гора, налага настроги епидемиолошки мерки.

Дополнителните мерки кои се донесени за некои подрачја во Црна Гора, подразбираат затворање на угостителски објекти во некои места на една недела, некаде не се дозволени собирина затворено ни на отворено, верските објекти да се придржуваат на епидемиолошките мерки, со дезинфекција и мал број верници, задолжително носење маски, во автомобил не смеат да се возат повеќе од две лица, освен од исто семејство…