На свадба во Сплит се заразиле 12 лица


 

На свадбена веселба во околината на Сплит, Хрватска, деновиве, со корона вирус се заразиле 12 лица.

„Според извештајот на Националниот штаб за јавно здравје од вкупно 166 обработени тестови од подрачјето на Сплитско-далматинската жупанија денеска се потврдени 14 новозаболени лица“, се вели во соопштението.

Од нив 10 се од Сплит, по еден од Дугопоље, Подстране, Трогир и Макарска. Од вкупниот број новозаразени денеска 12 се во врска со свадбен собир од пред неколку дена, додека две лица не се во врска со споменатиот настан.

Сите новозаболени се епидемиолошки обработени, а нивни контакти се обраборуваат. 160 лица се во самоизлоација, а ни едно позитивно лице не се во болница.

Во Хрватска до сега, денеска се регистрирани 50 новозаболени, а се уште се обработуваат другите податоци.