Загина лекар од Ужице, кој се враќал од трета смена


 

Здравствен работник од болницата во Ужице, Србија, загинал во сообраќајка утрово.

Како што јавува ПП медија, Б.К. (!992) кој утрово се враќал од трета смена на работа од Ужице кон Прилепоље се превртел со автомобилот и паднал во Златарското Езеро.

Нуркачите од полицијата го пронашле безживотното тело во автомобилот.

Се врши увид на местото, а тој дел од патот е блокиран.