Словенија забележа најголем број случаи од средината на април


 

Во Словенија во последните 24 часа тестирани се 1.456 примероци, а потврдени се 30 позитивни на Ковид-19, додека ден претходно имаше 16 нови.

Во болница се шест пациенти, а ни еден не е на интензивна нега.

Словенија сега има 160активни случаи, од вкупно потврдени 1.679, пренесе агенцијата СТА.

Повеќето нови случаи со инфекција, односно пет, се во Љубљана, која сега има 30 активни случаи.

Во Словенија од почетокот на епидемијата починаа 111 лица.