Рама: Вучиќ може да оди и на Месечината, но на крај сепак ќе седне со легитимните власти на суверено Косово

Албанскот премиер Еди Рама, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „нема да ја признае независноста на Косово и дека преговара со Западот, а не со Албанците“,рече дека „Вучиќ може да оди и на Месечината, но на крај сепак ќе седне со со легитимните власти на сверената држава Косово “.

-Доколку сме едно претседателот на Србија може да оди на Запад, може да оди на Исток, ако сака може да оди и на Месечината, но на крајот сепак ќе седне со нас. И кога ќе кажам со нас, тоа значи ќе седне со легитимните власти на суверената држава Косово,рече Рама на заедничката прес конференција со неговиот косовски колега Авдулах Хоти.

Додаде дека претседателот Вучиќ е претседател на Србија и оти Тирана секогаш ќе дава целосна подршка за Косово.

-Тој ги брани интересите на Србија, од своја гледна точка, се разбира и може да каже дека не преговарал со Албанците, преговарал со Западот, но нема шанси тој да преговара со Западот за Албанците. Тирана целосно ги подржува властите во Приштина,посочи Рама.

-Во пресрет на ваквите провокативни изјави имаме две патеки. Едната е начинот на барикадирање, а другата е начинот на соочување. Барикадата е на наша штета, а не на штета на Србија. Директното, лице в лице, соочување, со мирољубиви средства е наш предизвик.Победник е оној кој е помудар, оној кој ќе успее да ја покаже силата на умот и мирот, но губи оној кој се прави посилен со фејсбук и се прави посилен со изјави кои предизвикуваат раздор. И се прави силен со употреба на емоции, со употреба на внатрешни конјунктури да се појави пред народот како голем патриот или голем знаменосец што ја спасува татковината од предавници и агенти, рече Рама.