Црна Гора забележа нови 47 заразени со Ковид-19, едно лице почина


 

Во лабораториите на институтот за јавно здравје во Црна Гора во последните 24 часа анализирани се 475 примерови, а од нив 47 биле позитивни на корона вирус.

Повторно најмногу се од Рожаје (17), каде има и најмногу активни случаи – 94.

Од новите 47, 28 се контекти со претходно потврдени случаи додека за 17 не се знае изворот на зараза.

Пријавен е и еден смртен случај во Рожаје, со што од почетокот на епидемијата до сега во Црна Гора починаа 13 лица.

Како што информираа од ИЈЗ, од почетокот на јуни вкупниот број заразени е 339, четворица починаа, а бројот на активни случаи е 335.