(Видео) Најмалку четворца загинаа, а има и исчезнати по низата експлозии во турска фабрика


Најмалку четири лица загинаа, а 97 се повредени во низата експлозии во фабрика за пиротехнички средства на северозападот на Турција, соопшти министерот за здравство Фахретин Коча.

Како што пренесува АП, најмалку три лица се сметаат за исчезнати.

Во фабриката, која се наоѓа недалеку од градот Хендек во провинцијата Сакарја, имало 186 работници.

Коча додава дека речиси 40 работници се пуштени од болница, а дека само еден е во критична состојба

На местото на експлозиите пратени се два хеликоптера да им помогнат на пожарникарите, во чии напори им сметаа постојаните експлозии.

Пожарот е ставен под контролна по неколку часа, а експлозиите се слушале со километри далеку.

Телевизиските снимки покажуваат голем чад во облик на печурка, над фабриката.

Властите ги блокирале патиштата кои водат до фабриката, а семејствата на работниците побрзале на местото на несреќата за да слушнат вести за најблиските.

Покрената е истага за да се утврди причината за ескплозијата.

https://twitter.com/leilarostami99/status/1279035089855418373?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1279035089855418373%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2020mm%3D07dd%3D03nav_category%3D78nav_id%3D1703024