Во Србија денеска 309 заразени, 11 починати, 85 лица се на респиратор


Во последните 24 часа во Србија починаа уште 11 лица како резултат на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. Официјалниот број на починатите е 298, според веб-страницата covid19.rs.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 8.102 лица за корона вирус, а регистрирани се 309 нови случаи. На респиратор има 85 лица.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се потврдени 15.504 случаи на инфекција. Стапката на морталитет е 1,92 проценти. Бројот на активни случаи е 2.142.