Стартуваше ПЛАТФОРМ.МК, повеќејазичен портал за млади новинари од Балканот


Отворен е ПЛАТФОРМ.МК, нов повеќејазичен веб портал  за млади новинари од Југоисточна Европа. Основната идеја на овој проект е создавањето слободен простор кој ќе ги поттикне младите новинари од Балканот да истражуваат и анализираат теми кои ги промовираат човековите права, родовата еднаквост, интерсекцискиот феминизам, климатските промени, културата, архитектурата, правата на ЛГБТИ лица. „Идејата за оваа […]

Албанија четврта во светот, прва во Европа по баратели на азил, Мета: Доста е


Албанскиот претседател Илир Мета на Фејсбук објави фотографија на која се прикажува графикон за периодот 2010-2019 година каде Албанија е рангирана на четвртото место во светот и прва во Европа по барања за азил. Мета наведува дека неговата земја не заслужува да биде рангирана меѓу Сирија, Авганистан, Ирак и Иран и апелира да не се […]

Црна Гора има најголем број на заболени од Ковид-19 во регионот


Црна Гора со 547 активни случаи на 100.000 жители има најголем број на заболени лица со Ковид-19 во регионот, па и пошироко, објави црногорската новинска агенција МИНА. Со 547 активни случаи на 100.000 жители Црна Гора има речиси трипати повеќе заболени лица од Босна и Херцеговина, која е на второ место во регионот. Црна Гора […]

Во Србија 81 новозаразен, еден почина


  Според последните информации во Србија денеска има 81 новорегистриран случај со Ковид-19, а едно лице почина. Според Министерството за здравство, на респиратори се 22 лица. Вчера немаше починати кај нашиот северен сосед, а на повеќе од 6.000 тестирани, новозаразени беа 61. Вкупниот број регистрирани случаи изнесува 33.080, а починаа 744 лица. Во последните 24 […]

Кривокапиќ мандатар на новата црногорска влада


Партијата Демократска Црна Гора (ДЦГ) на Алекса Бечиќ објави потпишан документ со кој од претседателот Мило Ѓукановиќ се бара мандатот за состав на нова влада да му го додели на Здравко Кривокапиќ, носител на коалициската листа „За иднината на Црна Гора“. Документот со потписи на пратениците кои ќе го поддржат предлогот на Демократски фронт, коалицијата […]

Босна и Херцеговина регистрира нови 344 заразени со Ковид-19


  Во Босна и Херцеговина во последното деноноќие забележани се 244 нови случаи со корона вирус, а тестирани биле 2.220 лабораторски примероци. Во Федерацијата има тестирани 1.591 примероци од кои 270 позитивни. Пријавени се 11 смртни случаи, од кои четворица во последното деноноќие, а остананите од претходниот период. Со ова бројката на жртви се искачи […]

Драматично во Словенија


Во Словенија во послендите 24 часа потврдени се 136 нови случаи на зараза, што е втор највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата. Тестирани биле 2.616 примероци, а во истиот период почина еден пациент. Во моментот во Словенија има 1.383 активни случаи. Од почетокот на епидемијата во Словенија од Ковид-19 заболеа 4.694 лица, од кои […]

Брнабиќ: Нова ера во економските и политички односи меѓу Србија и САД


Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека е отворена нова ера во економските и политичките односи меѓу Србија и САД и, гледајќи во историјата, таа не може да се сети на толку блиски односи. Како што јави допсникот на МИА од Белград, таа посочи дека во разговорите, посебна област биле инфраструктурата, каде е најголемиот проект […]

Огромен пад на активните случаи во Хрватска – денеска оздравеа 828 луѓе


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани нови 204 заболени со Ковид-19. Во моментот активни се 1.268 од кои 278 се во болница, а од нив 27 се на респиратор. Во последното деноноќие починаа две лица. Од февруари кога беше забележан првиот случај, до денеска во Хрватска има 15.340 лица, од кои 257 починаа. […]

Од почетокот на туристичката сезона, во Грција регистрирани 1.238 случаи на Ковид-19 кај посетители


Од 530.698 направени тестови на над четири милиони посетители на Грција, кои преку копнените граници, авионски или со брод пристигнале во Грција во периодот од 1 јули до 20 септември 2020 година, регистрирани се 1.238 позитивни случаи, а први на листата со најголем број новозаразени посетители се државјаните на Албанија, јави дописничката на МИА од […]

Продолжуваат антивладините протести во Бугарија


Бугарија – Околу 10.000 луѓе вчера се собраа во Софија на Денот на независноста барајќи „независност од мафијата“ и оставка на Владата која ја обвинуваат за поврзаност со олигарсите. На антивладини протести во повеќе градови се собраа по неколку илјади луѓе, а во Велико Трново, во центарот на земјата, демонстрантите извикуваа „оставка“ за време на говорот на спикерката на Парламентот […]

Отворена канцеларија на американската ДФЦ во Белград


Со денешното отварање на канцеларија на Меѓународната финансиска корпорација за развој на САД (ДФЦ) во Белград, САД и Србија симболично пратија порака дека се посветени на имплементација на потпишаниот договор за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, изјавија по денешната средба на американската и српската владина делегација, специјалниот пратеник на американскиот претседател Ричард […]

Ниедна жртва на Ковид-19 во 24 часа по подолго време во Косово


Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), во својот редовен извештај за состојбата со пандемијата на Ковид-19, објави дека во последните 24 часа, по подолго време, не е забележан ниеден смртен случај на лице заразено од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што забележуваат домашните медиуми, ова е само второ деноноќие во […]

Во Словенија очекуваат 60 отсто вакцинирани откако ќе биде достапна вакцината против Ковид-19


Кога вакцината против Ковид-19 ќе стане достапна, се очекува да бидат вакцинирани околу 60 проценти од словенечкото население или околу 1,2 милиони луѓе. Тоа го нагласи словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар. Гантар, одговарајќи на прашањето на пратеници, цитираше интерно истражување кое покажа дека околу 55 проценти од вработените и 69 проценти од корисниците на […]

Во Србија 61 новозаразен


  Во Србија денеска до 15 часот регистрирани се 61 нов случај со Ковид-19, а нема починати. Во изминатите 24 часа тестирани се 6.814 лица. На респиратори се 23 пациенти. Вкупно досега во Србија тестирани се 1.084.893 лица на корона вирус. Вкупниот број починати е 743.

Во Унгарија намален карантинот од 14 на 10 дена


Задолжителниот карантин за патниците кои влегуваат во Унгарија е намален од 14 на 10 дена, изјаvи членот на Кризниот штаб за борба против Ковид-19, Роберт Киш. Тој додаде дека и покрај карантинот, странските државјани мора да покажат и дозвола за влез во земјата. Во изминатите 24 часа издаден е налог за изолација за 2.062 лица, […]

Повеќе од 200 заразени во БиХ, 14 починаа


Во последните 24 часа во БиХ се идентификувани 215 новозаразени со коронавирус. Од таа бројка, 164 се од Федерацијата БиХ, каде што се регистрирани вкупно 14 смртни случаи – пет во изминатите 24 часа и девет од претходните, за кои беше објавено подоцна.  

Во Хрватска нови 144 случаи со корона вирус


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 144 нови случаи на заразени со коронавирус и две починати лица. Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 1.894, соопшти Штабот за цивилна заштита. Меѓу нив 278 пациенти се на болничко лекување, од кои 24 се на респиратор. Од 25 февруари оваа година забележан е […]

За Гренел тврдењата на Курти се „луд критицизам“


Американскиот амбасадор и специјален претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, синоќа како бесмислени ги оцени тврдењата на лидерот на Самоопределување, Албин Курти, за тоа дека договорот од Вашингтон е на штета на Косово, посебно во делот за езерото Газивода. Тврдењата на косовскиот опозиционер  Гренел ги оцени како „луд критицизам“, пренесува порталот Репортери. […]

Сеизмолог: Во Загреб е можен земјотрес 30 пати посилен од оној во март


Во Загреб ноќеска и утрово се регистрирани послаби земјотреси, а голем број жители на хрватскиот главен град се во постојан страв од нов голем земјотрес, пишува порталот Индекс. Разорниот земјотрес кој во март предизвика голема материјална штета го смени животот на жителите на Загреб, а Томислав Фикет од хрватската сеизмолошка служба за РТЛ изјави дека релаксацијата на почвата и […]